Откако се појави на македонската музичка сцена па се досега ја немаме видено во поубаво издание.
Младата Антониа Гиговска иако се појави многу млада на музичката сцена, веќе не е она мало девојче кое сите го знаевме. Израсна во преубава девојка со неодолив и ангелски глас.
Според последните фотографии кои таа ги објавува на социјалните мрежи евидентно е дека Гиговска работи на себе, а сега фановите забележаа дека таа можеби направила корекција на усните, па веднаш коментираа дека изгледа преубаво.
„Барбика“, „Перфекција“, „Преубава“ … беа смо некои од коментарите со кои нејзините фанови ја опсипаа.
Гиговска неодамна на Инстаграм објави фотографија со која ги изненади сите со трансформацијата која ја направи.
Објави дека ослабнала 20 килограми, а со вежбање и начин на исхрана Антониа својата линија ја доведe до совршенство, па секојдневно споделува фотографии во бикини, но и во оскудна облека.
Имено, шармантната Гиговска во интервју за „Репортер“ откри дека ослабнала со многу упорност, вежбање и откако го променила начинот на исхрана, а големо влијание во нејзината одлука да почне со слабеење имала нутриционистката Клаудија Адеми, девојката која исто така им помогна и на познатите пејачки Ана Бекута и Инди да ослабнат.
Таа музичката кариера ја започна во шоуто „Пинкови Ѕвездички“ каде го освои жирито со својот глас и од емисија во емисија го освојуваше и целиот регион, а стручното жири во шоуто имаше само пофални зборови за неа.
„Како пее оваа малечка“!, „Македонската музика е прекрасна“, беа само дел од коментарите на жирито.
По завршување на шоуто таа својата музичка кариера ја продолжи и сними песна за која следеше и музички запис „Могли смо у двоје“ којашто е снимена на српски јазик.
Гиговска е во врска со Иван Јованов од „Либеро бенд“ а за него таа вели дека ја освоил со неговата добрина.
„Ние се знаеме одамна колегијално. Ниту се дружевме, ниту помислив на тоа во ниту еден момент. Се видовме на свадба, јас ја отворав свадбата, ја пеев првата песна, тие свиреа … Оттогаш започна се“ открива Гиговска во „Живот со стил“.
Вљубени млади и згоди важат за омилен македонски пар на музичката сцена.