Наши ѕвезди

Нашата позната актерка го прележа коронавирусот, па на својот роденден се присети на најтешкиот период од нејзиниот живот

Advertisement

Познатата македонска актерка си ја отвори душата и кажа низ што поминала изминатава година.

ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук

Актерката и директорка на Центарот за култура во Битола на својот роденден сподели како се справила со коронавирусот и какви последици оставил вирусот над неа.

Advertisement

Маја Андоновска Илијевска вели дека наполнила 37 години и гордо ги прегрнува, но изминатата 36-ка не била баш добра за неа.

Имено таа беше позитивна на Ковид 19 и открива дека со последиците се борела половина месец лекувала пост-ковид последици.

„Јас сакам да зборувам за животот таков каков што е, со сите свои осцилации на дно и небо … За мене животот одамна не е совршена слика на ФБ и инстаграм, туку срцебиење страст, љубов, тага, радост, успех, неуспех … Се доживеано полнокрвно, човечки!“ пишува таа на својот фејсбук-профил и продолжува:

Advertisement
ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук

„Денес ми е роденден. Гордо ги прегрнувам своите 37, силна, свесна и среќна.

36 ката ја бакнав, прегрнав и ја испраќам. Ако беше гад кон мене, ќе се сеќавам на неа со љубов. Пола година се плашев да не закачам Ковид до анксиозност, другата половина здравствено ги лекував последиците од неговото прележување.

Фотографијата е стара 6 месеци и е мала шега на сопствена сметка, оти така ми помина триесет и шестката, со апаратот за притисок на една рака, а со желба за наздравување на животот во другата.

И да кажам, добра сум, лекцијата ја повторив, усвоив и научив, најважно е да знаеш кога да ја кренеш рачната, а кога да се возиш на лудата железница на животот.

Си се опкружив со мал круг на за мене големи и најважни луѓе, се смеам на сопствена сметка многу често, вежбам јога, сакам и сум сакана!“ вели актерката.

ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук

Таа додава дека ако на 27 била торнадо, сега е ураган.

„Среќен да ми е роденденот. Му благодарам на бога за се што имам. Посакувам само да сум здрава, жива и опкружена со најмилите, да си примам едно вакцинче и да си играм претстави, да организирам настани, концерти и фестивали без протоколи. Друго ништо не ми треба“ – напиша актерката на својот фејсбук-профил.

ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук
ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук

Актерката е сестра на пејачот Димитар Андоновски кој својата музичка кариера ја градеше полека, но сигурно.

Кариерата ја започна како виолинист и дел од младите таленти на тогашната „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција, а често со гордост зборува за неговата сестра.

ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук
ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук
ФОТО: Маја Андоновска Илијевска/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button