Науката тврди дека е добро ако имате акни на лицето

Луѓето кои се подложни на акни поспоро стареат, според истражувањето спроведено на 1205 жени кои се близнаци.

Тајната е, тврди науката, во должината на теломерите. Теломер е инаку заштитниот врв на крајот од секоја алка на ДНК и е клучен во процесот на стареење. Како што стареат луѓето, телемерите се скратуваат и на тој начин стануваат главна причина за деградација на клетките.

Според резултатите од студијата, околу една четвртина од близнаците кои имаа проблеми со акни нивните клетки се повеќе се заштитени од стареењето на кожата што доаѓа со возраста. Познато е дека дебелината и пушењето значително го забрзуваат процесот на скратување на телемерите.

ADVERTISEMENT

Па така пушачите или многу дебелите луѓе често се чини дека се постари отколку што навистина се. Истражувачите предупредуваат дека понатамошни истражувања се потребни, бидејќи сè што тие во моментов знаат е дека односот помеѓу жените со акни и бавно стареење постои.

Facebook Comments
(Visited 232 times, 3 visits today)