Наташа Петровска „Ми недостига слобода на движење и патување“

Таа вели дека мали работи ја прават среќна. Како е да се биде во топ форма, секогаш одлично да изгледаш и да блескаш со супер физичка линија разговараме со Наташа Петровска, сопственичка на студио „Фигурела“.

Како го негувате вашето лице? Дали можеби имате бјути рутина што ја повторувате секое утро?

Лицето го негувам со основни производи. Еднаш месечно отприлика правам козметички третман, но со оглед на тоа дека внимавам на исхраната и водам прилично здрав начин на живот мислам дека немам потреба од некоја екстремна нега. Од бјути рутина секое утро го мијам лицето со ладна вода, после тоа нанесувам антирид околу очи и крема со фина, лесна текстура со висок заштитен фактор што го штити моето лице од штетните надворешни влијанија.

Која е тајната на одличната физичка линија?

Тајната на добриот изглед и витката линија во мојот случај е квалитетна исхрана и физичката активност во моето студио „Фигурела“. Рецептот за природно негувана линија според мене е правилен начин на исхрана заедно со обавезна физичка активност.

Кои се вашите омилени козметички производи?

Обично практикувам производи кои се органски и природни. Меѓутоа имам испробано буквално се и во моментов сум презадоволна од јапонската козметика Сенсаи. Ги користам нивните креми за нега на моето лице. И покривна крема од Сенса.

Што имате секогаш во вашиот несесер?

Во несесерот секогаш имам сјај за уста и маскара. Бидејќи не се шминкам многу само основно. Го чувам лицето и гледам да го задржам природниот сјај колку можам бидејќи кожата памти. Се надевам дека во староста моето лице ке ми биде благодарно што не сум го оптеретувала премногу ☺️

Што најмногу ви недостасува во ова време на пандемија?

За време на пандемијата најмногу ми недостига слобода на движење и патување бидејки сум голем авантурист и обожувам да патувам и истражувам нови места и култури.

Што ве прави среќна?

Среќна ме прават мали но сепак најважните и најзначајни нешта како што се љубовта, семејството, пријателите и добрата енергија која меѓусебно ја разменуваме едни со други.

Кое е вашето животно мото?

Моето животно мотото е „Единствената работа што стои помеѓу човекот и она што го сака од животот е честопати само волја да се обиде и вербата дека е можно да се постигне“.

(Visited 264 times, 2 visits today)