Наташа Беквалац се фотографираше без грам шминка и со потполно разбушавена коса, но поради овој детаљ ги воодушеви сите

Пејачката сподели неколку интимни моменти…

Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац

Наташа Беквалац ги воодушеви сите со своето опуштено издание и разбушавена коса додека се гушка со ќерката Катја.

Како што самата истакна, таа целиот ден го минала во пижами заедно со својата ќеркичка, но очигледно дека на убавата пејачка, која обично ја гледаме дотерана од глава до пети, тоа воопшто не и беше тешко.

„Денес во пижами цел ден“, објасни таа под фотографијата, па додаде порака за ќерката: „Те сака твојата мама“.

Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац

Фановите се воодушевени што нивната пејачка објави фотографија на која е без шминка, но и во пижами.

(Visited 77 times, 1 visits today)