Наскоро повторно ќе се снима серијата „Пријатели”? Џенифер Анистон го најави можното продолжение на легендарната серија!

Актерката Џенифер Анистон (50), се појави во ток-шоуто на Елен Деџенерес  по снимањето на нејзиниот последен филм  со Адам Сендлер, но како и секогаш не изостана прашањето за  легендарната серија “Пријатели ”.

Џенифер има направено голем број успешни улоги по серијата, многумина сѐ уште ја идентификуваат со Рејчел Грин, која таа ја толкуваше од 1994 до 2004 година.

ADVERTISEMENT

Иако често е можно да се слушнат гласини за тоа како актерската постава од серијата која ги прославува ќе се собере, досега ништо не е потврдено. Запрашана за собирањето на актерскиот тим и снимањето на продолженијата, Џенифер одговори: „Јас ќе го сторам тоа, девојките ќе го направат тоа, и мислам дека момците ќе го сторат тоа. Сè е можно! Можеби тоа се случува”, рече актерката, а Елен коментираше дека ќе се пресели во станот преку улицата и заклучи дека тоа ќе биде одлична серија која ќе се вика „Пријател“.

Facebook Comments
(Visited 13 times, 1 visits today)