Од тиквичките можеме да направиме преубави јадења
Но доколку ве е здодеано да ги јадете похувани на класичен начин, да ги додавате во тестенини или ориз, или да ги полнете со мелено месо, еве нова идеја.
Од тиквички можете да направите и вкусни ќофтиња, а најдобро од сé е што за да ги направите се потребни само неколку состојки кои воопшто не се скапи.
Состојки
Две тиквички
1 јајце
75 грама брашно
Сол и бибер по желба
2 лажички маслиново масло
Подготовка
Измијте ги тиквичките, нарендајте, посолете и оставете во цедилката едно десетина минути. Потоа истиснете го вишокот вида и ставете ги во сад.
Измешајте ги со јајца, брашно, сол и бибер и формирајте ќофтиња. На жешка тава додадете малку масло и испечете ги од секоја страна додека не добијат златно кафеава нијанса. Можете да ги послужите со малку кисела павлака и сезонска салата.
Пријатен апетит.