„Не се препознавам низ Скопје, многу ни е гласен и прљав градот“

Интервју со Тони Зен

Со еден од нашите најпознати репери Тони Зен поразговаравме отворено за тоа кои бои, мириси и звуци го инспирираат, но му поставивме и неколку прашања за тоа каков татко е, дали му менува пелени на малиот Јасен и колку и дали татковството го промени како човек. Еве што ни одговори тој …

ADVERTISEMENT

По долгата пауза на сцената се враќаш со новиот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Каде се снимаше и со кого соработуваше?

Овој албум е сниман во студиото Knobs Keys ‘n Stuff, со Бојан Филиповски Gloomie како саунд инжињер, микс и мастеринг правеше Мите Димовски во Тралала студио. Идеата за овој албум произлезе од мене и Кирил Бабамов, кој воедно и свири акустична гитара на сите песни, исто така и Ратко Даутовски има големо влијание во овој албум, кој свири перкусии на сите песни.

Бидејќи целиот албум е сниман во живо се приклучија и останатите музичари со своите инструменти, Мартин Јосифовски (Бас), Борислав Веселинов (Саксофон и флејта), Борче Кузмановски и Бојан Филиповски Gloomie (Клавијатури), Александар Сале Пешевски (Усна хармоника), и Весна Малинова Бабамов (Пратечки вокали)

Кое беше твоето омилено место за излeгување во тинеџејрските години, а што денес најмногу ти се допаѓа од новиот лик на градот?

-Немав омилено место во детството, освен клупите, кошевите, и парковите во моето маало. Имаше повеќе култни места за средби и дружења, меѓу кои и кругчето и паркот на плоштадот, таму беа најчесто раперските дружби 🙂 Во ова време сега, јас не се препознавам низ Скопје, не дека сум носталгичен, но премногу е исфорсиран, гласен и прљав градот, колективната свест е многу ниска исто така, јас поинаку го замислувам Скопје.

Нодамна стана татко на малиот Јасен. Честитки. Интерсно и невообичаено име, чија беше идејата?

Името самото по себе си се приземји, спонтано. Природно се случи се…

Колку новиот член те промени како личност..? Дали научи да мненуваш пелени😊?

Да, менувам пелени, и сум одговорен родител, онака како што треба да се биде СУМ 🙂

Добриот аутфит или пак широката насмевка, се пресудни за добар прв впечаток?

Широка насмевка, без двоумење.

Како ти во моментов се грижиш за твоето тело и колку ги почитуваш основните правила за добро здравје и одржување во форма?

Во моментов воопшто не ми е цел да одржувам форма на телото, не се поистоветувам со телото и физичкиот изглед како претходно, имам повисоки цели и вредности, живеам балансирано и сум буден во потполност.

Колку тетоважи имаш? Дали е во план некоја нова…

Имам многу тетоважи, не знам како да ги избројам бидејќи повеќето мотиви се споени и се една целина, а за во иднина не можам да ти одговорам дали ќе правам или не, бидејќи ни јас не знам 🙂

Која е твојата добитна аутфит комбинација што секогаш пали?

Маица, бермуди, и сандали или влечки 🙂

Стилот ти е ист, но имиџот го менуваш. Како си се допаѓаш себе си најмногу?

Се облекувам според чувството и временските услови, најубаво се чувствувам кога облеката ми кореспондира со емоциите.

Често патуваш. Како си помина во Лисабон и што најмногу ти остави впечаток?

Лисабон беше пред 3 години, неколку пати бевме таму, и во Порто исто така, Португалија е прекрасна, сигурно дека повторни одиме таму.

Многу од работите ми оставија впечаток, јавниот транспорт, односно метрото кое ми остави најмногу впечаток.

Подготви: Берта Мартиноска
Facebook Comments
(Visited 101 times, 1 visits today)