Мутираниот корона вирус донесе нови мерки – што значи новата одлука на ЕУ за Македонците?

Европската унија вчера ги заостри своите правила за патниците од земјите надвор од блокот, вклучувајќи ја и Велика Британија.

Како што стојат работите сега, слободниот влез ќе им биде дозволен само на патниците од земји со исклучително малку случаи на корона вирус.

Новите мерки предвидуваат патникот да може да доаѓа од земја надвор од ЕУ само доколку нема повеќе од 25 случаи на инфекција со корона вирус на 100.000 жители во период од 14 дена, што се смета за период на инкубација на овој вирус.

Во Македонија во моментов има 350 заразени лица на 100.000 граѓани и затоа границите на ЕУ би биле практично недостапни за секој што има македонски пасош.

Доколку строго се почитуваа регулативите на ЕУ, ќе мора да имаме максимум 25 пациенти на 100 000 жители или 125 пациенти дневно за две недели.

Во моментов, нема земја-членка во ЕУ што има помалку од 25 случаи на 100.000 жители.

Најблиску до тоа е Финска со 54 пациенти и веднаш потоа Грција со 71. Другите членки имаат од 300 до 1500 пациенти на 100 000 жители.

Да потсетиме, во средината на јули 2020 година, Македонија беше избришана од списокот на безбедни земји чии граѓани беа препорачани да ги преминуваат надворешните граници на Шенген додека не биде повлечена одлуката.

Во текот на летото, во Македонија како во еден момент да опадна бројот на заразени, но границите на ЕУ останаа затворени.

Сепак, бидејќи ЕУ не е единствена држава, оваа одлука не е закон, туку резултат на мислењето на Европскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, врз основа на што амбасадорите дадоа препораки за нивните земји-членки.

Така, некои земји на ЕУ, како Германија, воведоа построги ограничувања, додека Белгија забрани помалку важни патувања од или до земјата до месец март.

Имавме можност тоа да го видиме и во пракса ова лето, кога границите на одредени земји-членки останаа затворени за нас, додека нашите граѓани беа ослободени од одредени членки (Бугарија, Романија, Словенија).

Од таа причина, пред да патувате во која било земја-членка на ЕУ, треба да бидете информирани за регулативата во таа земја, како и за земјите што транзитираат, доколку одите до посакуваната дестинација со сопствен превоз.

(Visited 1.351 times, 1 visits today)