Реклама
CelebrityНовости

Музичарите на протест, а Филипче им порача: Протестирајте пред Инфективна, да ја видите тажната слика!

Реклама

Поради новите мерки кои ги оопшти Владата пејачите ќе излезат на протест.

Комисијата за заразни болести одлучи во рестораните, кафеаните и кафулињата да нема жива музика по локалите, што забавата во Македонија ќе биде сведена на минимум.

Ваквата одлука предизвика голем револт кај уметниците, но Венко Филипче им го возврати ударот.

Маркетинг

– Нека протестираат пред инфективна клиника, нека ги погледнат во очи семејствата на оние кои се борат за живот и на оние кои веќе заминаа, а се заразиле најверојатно на нивните настапи и свадби каде што настапувале, лесно е да излезеш на протест, тешко е да седнеш и да најдеш решение кое ќе биде добро за сите, владата не остави никого на цедило, помогнато е на сите со неколкуте владини економски пакети и ќе помагаме и понатаму, отворена е вратата на владата за сите здружениеја и синдикати и групи кои се загрозени од ситуацијата и ќе најдеме со сите решение, владата нема да остави никого на цедило да се снаоѓа сам во ова тешко време, само треба сите да бидеме одговорни и совесни чинители.

Маркетинг

Мерките кои сме ги донеле се неминовно решение за да превенираме масовна хаварија на здравствениот систем каде нема да може болниците да примат болни народ и тоа ако некој не може да го разбере тогаш нема шанси да се спасиме од најцрното сценарио, мораме сите да бидеме на висината на задачата овој период.

Поголемиот број од пејачите не знаат кој го организира протестот, но тие велаат дека тоа е неважно и дека ќе излезат на улиците за да се борат за својата егзиситенција.

Горјан Стојановски, за ,,Фокус” вели дека протестот е инициран од самостојни музичари, а околу тоа дали и здружението ќе го поддржи, ќе се знае денес, откако ќе се одржела средба помеѓу претставници на ЗЕУМ и претставници од власта.

-Вечер во 18 часот имаме средба со претставници од власта, мораме да најдеме решение за овој проблем со кој е засегната музичката индустрија. По донесувањето на заклучоците и одлуките, ќе знаеме дали ќе има потреба да се одржи протестот, односно дали и членовите на ЗЕУМ ќе го поддржат.

Голема неправда е да се казнат сите музичари со забрана за настапи, кога сите знаеме дека непочитувањето на мерките за заштита од вирусот се случуваше на настапите на музичките гости кои ни доаѓаа од други земји.

Имам информација дека доколку се одржи протестот во среда, освен што ќе има говори околу проблемот со кој се соочуваме, ќе има и песна.

Тоа е најсоодветниот начин на естрадните уметници да го искажат својот револт од одлуките кои економски го погодија овој сектор – ни изјави Стојановски за Фокус.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button