Многумина ќе се изненадат: Запознајте ја сопругата на Чола – муза по која се напишани најубавите љубовни песни

Запознајте ја музата на најголемата ѕвзеда.
Здравко Чолиќ е најголема балканска ѕвзеда на сите времиња, него го обожаваат од 7 до 77 години. Тој е миленик на женската публика што ги освојува со својата харизма, шарм и нормално со неговите најголеми хитови.
Пред повеќе од 20 години срцето му го освоила една Александра со која и ден денеска ужива во љубов и благосостојба.
Сопругата на Чола никогаш не ја гледаме во јавност, таа живее целосно мирен и повлечен живот.
Младата генерација не може да замисли како изгледа сопругата на Чолиќ бидејќи ниту на јавни настани, ниту пак на концертите таа не се појавува.
Чола и ја има посветено најубавата љубовна песна и успеа нивниот брак да го сочува од притисокото на јавноста и медиумите.
Александра после долги години успеала да ја сними некоја медиумска камера.
– Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно.Се запознавме во убавите денови во Макарска, Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, па почнавме да се забавуваме.
Ме освои со едноставноста и приврзаноста. Ми се посвети целосно, со мисли, со грижа, за се се секира… Човек некако препознава личност која повторно сака да ја види, некоја емоција која без зборови ти зборува дека и си многу важен.
Тоа не можам да го објаснам бидејќи некогаш пред тебе да биде најубавата и најпаметната жена едвај чекаш да си одиш од неа. Некоја виша сила одредува зошто некои луѓе се заедно, а некои не се.
Сандра и мојата аура се препознаа, тоа е веројатно беше сосема доволно за влез во некоја димензија , изјавил Чола во едно дамнешно интервју за магазинот Хелоу.
Здравко со Александра има две ќерки Лана и Уна кои пораснаа во преубави девојки. Тие постојано се активни на социјалната мрежа Инстаграм, а која од нив ќе го наследни нивниот татко допрва ќе видиме.
Уна веќе е полнолетна, неодамна направи прослава за својот 18-ти роденден.