Многумина не ги знаат овие правила, па грешат – еве како правилно се ЦЕЛИВААТ ИКОНИ и што НЕ смеете да правите со нив!

Овие правила многумина не ги знаат

Постојат голем број правила кои им се непознати на луѓето, па дури и на оние што секојдневно одат во црква.

Едно од нив е и начинот на кој треба да се целиваат иконите, односно малкумина знаат дека постојат правила во врска со ова.

Ова се правилата кои се однесуваат на тоа:

Светците треба да се бакнуваат во рацете.

Богородица во скут или во рацете.

Исус Христос во нозете.

Ако Исус на иконата е прикажан до појасот тогаш и Него треба да го целивате во рацете како и светците.

Во случај кога е насликана само неговата глава, тогаш треба да се целиваат само влакната од неговата коса.

Овие правила за целивање на иконите се дел од вековната култура и традиција на православните христијани.

На порталот „Верскикалендар.мк“ на статијата поврзана со правилата за целивање на иконите со големи црни букви пишува дека истите не треба да се целиваат за време на траење на пандемијата.

Еве што друго пишува на овој портал:

При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средина, па и оние отстрана, но не и главните и под главните икони на иконостасот, ако Божјата служба е во тек. Последниве можат да се целиваат само пред почетокот или по завршувањето на Светата богослужба.

Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон и се одминува без многу задржување, за да се направи место за другите што доаѓаат и сакаат да целиваат.

Иконите со ликот на Господ Исус Христос се целиваат при крај или во нозете, ако Спасителот наш е претставен во целиот Свој раст.

Иконите на Пресвета Дева Марија (Божјата Мајка – Богородица), па и на другите Светители (Божји угодници) се целиваат во рака или отстрана, но никако не се целиваат во образ (во лице).

(Visited 1.044 times, 4 visits today)