Многумина досега ја немаат видено сопругата на премиерот Оливер Спасовски: „Тие изгледаат како родени еден за друг!“

Техничкиот премиер Оливер Спасовски е оженет и има две деца, но за разлика од некои други политичари тој никако не го експонира своето семејство во јавноста.

Фото: Фејсбук, Оливер Спасовски

Нашиот технички премиер Оливер Спасовски меѓу пријателите важи за човек со меко и добро срце, иако во политичкиот живот е на сериозни функции за кои треба и нерви и голема пожртвуваност.

Но Спасовски за разлика од некои други политичари, никако не го експонира своето семејство во јавноста, а тоа се однесува и за неговата поубава половина. Имено, актуелниот премиер на техничката влада многу ретко во јавноста се појавува со својата сопруга Катерина, па како изгледа таа, можете да видите во продолжение, во рамките на овој текст.

Тие беа забележани заедно на свадбата на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, а на настанот и двајцата беа облечени складно – тој во класичен костум и црвена вратоврска, таа во преубав црн фустан со широки ракави и металик плико чанта – феноменален избор, нели?

Фото: Bitola News

Приликите да ги видите во јавност заедно навистина се ретки, но штом ќе ги видите ќе сфатите дека се како создадени еден за друг, велат луѓето што имале прилика да ги запознаат. Тие двајцата се како еден од оние парови за кои се вели дека се сродни души и дека изгледаат мошне складно. Тие од нивниот брак имаат две прекрасни ќерки, а како што вели и самиот технички премиер во неговото неодамнешно видео, омилено му е времето што го минува токму со нив.

Кој е Оливер Спасовски

Во видеото со 30 прашања кое излезе неодамна Спасовски откри неколку детали за себе, но повторно не многу и за семејството. Но затоа пак тој откри нешто што досега никој не го знаеше за него, а тоа е дека зборува ромски, дека омилен спортист му е Кирил Лазаров, дека ги сака Марвеловите јунаци, дека првото милениче папагал и се викал Кико.

Фото: Фејсбук/ Оливер Спасовски

Што се однесува до професионалната кариера, тој во видеото изјави дека му е жал што не можел сите полициски станици да ги направи да бидат енергетски ефикасни што кажува за тоа колку го сака она што го работи. Да, меѓу кумановците но и сите останати што го познаваат тој важи за искрен политичар и мирен човек, а по професија е дипломиран правник на правниот факултет Јустинијан Први и својата професионална кариера ја започнува како адвокатски приправник.

Тој е потпретседател на СДСМ, а во 2019 повторно ќе биде реизбран на оваа позиција.

(Visited 8.952 times, 1 visits today)