Младиот градоначалник на Струмица ја покажа својата свршеница – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледаат во ова, ќе се изнененадите!
Откако стана градоначалник на Струмица постојано е на настани, но сепак успева да најде време и за својата свршеница.
Костадин Костадинов, висок функционер во СДСМ, поранешен пратеник, а сега градоначалник на Струмица.
Тој од 2016 до 2017 година бил вршител на должноста градоначалник на општина Струмица откако Зоран Заев по парламентарните избори формирал парламентарно мнозинство и подоцна ја презел функцијата премиер на Македонија.
На почетокот на годинава тој откри дека решил да ја побара неговата долгогодишна девојка Марија за сопруга.
Сподели фотографија од прстенот па напиша емотивна порака.
„Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе“ напиша тој и додаде:
„Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“, напиша Костадинов на својот профил на социјалните мрежи.
И покрај многубројните обврски кои Коста ги има како градоначалник тој од време на време знае да сподели по некоја фотографија и од приватниот живот и својата сакана.
Овојпат тој сподели фотографија од себе и Марија во лифт, каде и двајцата изгледаат неверојатно.
Скоцкани од глава до петици младиот пар позираше заедно во огледалото.
Коста како и секогаш облечен во одело, а Марија во црни панталони и впечатливо црно-бело сако едноставно блескаше покрај него.
Неговата професија носи големи предизвици и проблеми и токму затоа се труди да има издувен вентил кој ќе му помогне да се релаксира.
„Мојот издувен вентил се Лана кучето што го вдомивме со Марија, моторите, планинарењето …“, раскажа Коста во интервју за „Магазин“.
Тој додаде дека е исклучително задоволен што ја има Марија за партнерка, која одлично се носи со сите негови обврски и има разбирање за природата на неговата професија.