Мистеријата зад женскиот поглед – изложба на Ерна Богоева

Убавината на жената не се наоѓа само во нејзиниот физички изглед. Напротив,таа извира од истрајноста, упорноста, креативноста, посветеноста да се исполни сопствениот потенцијал.

 

Сите овие работи се присутни во погледот на една женаи без разлика на тоа каде тој е вперен,очите цврсто гледаат кон крајната цел.

На гледачите од страна им останува задачата да одгатнат која е мистеријата зад погледот на една жена. Во оваа серија на портрети прикажувам млади и талентирани жени кои и покрај сите ограничувачки фактори што може да ги има во една вака мала средина,не престанале да се трудат, да творат и на патот кон својот успех да се обидуваатда остават свој печат врз македонското културно миље., вели фотографот Ерна Богоева.

Ентузијазмот е големата сила која им дава енергија и за мене токму тоа ја претставуваше магијата која сакав да ја овековечам во нивните погледи, кога весели, кога заводливи, кога тајновити… но, секогаш борбени и храбри. Затоа и сакам оваа моја изложба да им ја посветам ним и на овој начин да им одадам скромно признание за нивните досегашни успеси со надеж дека во мојава земја ќе започне процес на вистинска валоризација на сите видови на културни дејци.Оваа изложба ја поставувам со надеж и дека некоја млада жена ќе се пронајде во погледите на овие жени и ќе продолжи да чекори по својот пат.

Изложбата ќе биде отворена на 09.03.2020 (понеделник) во 19ч. Во просториите на Europe House. Изложбата е организирана во рамки на серијата Културни приказни на делегацијата на ЕУ во Скопје. Изложбата ќе остане отворена за посетители до 27.03.2020.

(Visited 24 times, 1 visits today)