Мини бикини и стомак до заби – познатата холивудска актерка бремена ужива на грчките плажи
Познатата холивудска актерка на одмор во Грција
Познатата 39 годишна актерка Кејт Хадсон иако е бремена реши да замине на одмор со пријателите во романтичната Грција каде деновиве ужива во сончање, бањање и разно-разни спортски активности.
Таа во Грција стигна со своите две деца, свршеникот Дени Фуџикава, пријателите и родителите, актерката Голди Хоун и Курт Расел. Екипата времето го минува на плажа, а кога ќе им стане здодевно се возат со брод.
Кејт не мирува ни со бебето во стомакот – фотографиите како безгрижно весла во кану го заобиколија светот.
Таа го испразни својот распоред и реши максимално да ужива со децата и сопругот во кој е вљубена до уши, а само понекогаш, кога децата се со баба и дедо, ќе се покрие со шеширот и ќе ужива под сонцето.