Милош Биковиќ топ тема во медиумите – еве со која девојка е уловен најпосакуваниот актер
Нов пар на јавната сцена во Србија?
Милош Биковиќ, освен како еден од најуспешните актери од помладата генерација, познат е и како голем заводник кој беше во врска со најубавите девојки од Србија и странство.
И сега на Инстаграм се појави фотографија од популарниот актер во прегратките на ќерката на позната фолкерка и сите веднаш помислија дека Биковиќ повторно си најде нова девојка.
Станува збор за Леа Миленковиќ, ќерката на Јасна Миленковиќ Јама, која можеби само случајно го запознала Биковиќ и го замолила да се фотографираат.
Или можеби било обратно, па можеби Милош сакал да се фотографира со оваа прекрасна девојка. Се на се, Леа и Милош изгледаат убаво, па воопшто не би било лошо да и да станат пар.
Патем, Леа е многу успешна студентка и нејзината мајка редовно се фали со успесите на нејзината ќерка. И колку што е познато, ќерката на оваа фолкерка студира меѓународна дипломатија и безбедност.
Леа е млада, убава девојка која, како што вели и нејзината мајка, не сака да се експонира во медиумите, а многумина коментираат дека е копија на мајка и.
– Таа нема никаква врска со медиумите и реалните шоуа, има свој живот. Јас сум на сцена и популарна, но тоа воопшто не ја вклучува неа – рече Јами порано и откри во каква тинејџерка израснала нејзината душичка:
– Таа повлече се на својата мајка, дури и повеќе отколку што требаше. Особено убавината. Јас сум многу горда на неа. Таа е убава, најдобра ученичка на училиште и тоа е она што ја краси. И, треба да продолжи да учи, бидејќи како одминува времето, знаењето и образованието ќе бидат повеќе и повеќе ценети, а мама е тука како ветрот во грбот.
Милош Биковиќ, е еден од најплатените актери во Русија.
Тој во интервју за тамошниот магазин „Esquire“ објасни детали од својот приватен живот, а и за односот со мајката и братот.
Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.
– Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција.
Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога.
Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавот актер кој сега живее во Русија.
Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.
– Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен. веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариета тргна во нагорна линија, таа ме поддржа.
Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.
– Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè.
Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот.
Мојот брат го почувствува тоа- раскажа Биковиќ во интервјуто.
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм