Миле Кузмановски се гордее со ќерките: Погледнете какви убавици се близначките и на кого личи нивната најмала сестричка

Порасна и најмалата ќерка на Миле Кузмановски – погледнете на кој личи малата принцеза

Ќерката на македонскиот „крал без круна“ порасна, а мора да се признае дека сѐ повеќе наликува на својата мајка.

Миле Кузмановски е еден од најпопуларните, но и најуспешните македонски пејачи.

Ниту една прослава или свадба не може ни да се замисли без неговите евергрини.

„Крал без круна“, „Не кани ме“, „Роман“ се песните кои ги креваат на нозе сите фанови на неговата музика. И покрај тоа што е секогаш со насмевка на лицето, неговиот живот го одбележа големата тpaгедија која му се случи во 2012 година.

ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук

Неговата сопруга која тој многу ја сакаше, по тешко боледување го изгуби животот, а пејачот остана сам со двете ќерки близначки Јана и Ана, кои сега имаат 18 години. Тие се ученички во средното медицинско училиште, а како што вели нивниот татко не сакаат да ја слушаат неговата музика.

Тој во една пригода за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри како успеал да се справи со тешкиот период и како добил сила да продолжи понатаму.

ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук

„Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа. Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жално да го оставам микрофонот“ кажа Кузмановски.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

„Моите соработници направија песни. Некако продолжив да пеам“, откри пејачот кој песната „Роман“ и албумот „Крал без круна“ ја посвети на неговата прва сопруга

Пет години од тpaгедијата, пејачот пронанде нова среќа.

Јасмина беше светлината во тунелот на македонскиот фолкер. Како плод на љубовта меѓу пејачот и Јасмина, која инаку работи во Црвен Крст се роди Ева.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

Инаку Јасмина била студент со многу висок просек. Има работено во УНДП, во Министерство за земјоделие, го има основано СОС детското село, каде била директорка долги години. Потоа имала и организација која ги штитела правата на децата за време на бегалската криза.

Пејачот за неа вели дека е добар педагог, знае со децата, затоа што долги години работела со деца.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

За своите ќерки Ана, Јана и Ева пејачот вели се сакаат премногу и ги решаваат сите проблеми и предизвици како вистински другарки. За односот помеѓу близначките и сопругата Јасмина, пејачот вели дека е одличен и дека е среќен што во нивниот дом владее хармонија.

Убаво е кога човек е професионално и приватно исполнет.

По сите тажни работи што му се случија изминативе години, Кузмановски низ насмевка вели дека сега конечно му се наместиле сите коцки.

На социјалнте мрежи, Јасмина не пропушта да го пофали својот сакан сопруг:

„Обичен ден како и секој, за мене специјал, мојот 47 Роденден.. Рано утрово вообичаено ги погледнав сите по дома, мирно спијат и си реков може ли да побарам повеќе од животов.. Тече денот, на работа пречекана од моите прекрасни колеги, мајка ми и татко ми, брат ми, први со мене го почнаа денот. Потоа сите драги луѓе со најубави желби.. И стасувам дома кога моите Миле, Ана, Јана и Ева ме направија посебна . И животе убав си ми, како што и мојот сопруг пее … Се што побарав Господе…. го имам“, напиша Јасмина на својот Фејсбук по повод нејзиниот роденден минатата година.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

Деновиве таа објави фотографија од својата ќерка Ева на која може да се види колку пораснала.

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

Онаа што сите веднаш го забележаа е тоа дека Ева неверојатно многу наликува на својата мајка.

Погледнете ги и останатите фотографии…

ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук

ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук

ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

ФОТО: Јасмина Кузмановска / Фејсбук

ФОТО: Миле Кузмановски / Фејсбук (ИН ТВ)

 

(Visited 1.482 times, 1 visits today)