Миа откри како е да се биде со жена, но и на кое место се наоѓа нејзината нajинтимна тетоважа

Контроверзната македонска водителка која е „без влакна на јазикот“ и секогаш брутално искрена откри неколку интересни работи за себе.
Миа Костова која е позната како водителка, но и ифлуерсерка во интервју за „Бекстејџ“ минатата година откри дека има љубено жена!
„Да, љубев жена, тоа е вистината, претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек, објасни тогаш Миа.
Овојпат таа беше гостинка на Стефан Лазаров во кое зборуваше на сите теми, па и на тема љубов и секакви други „чаршиски муабети“ но и „скокотливи теми“.
На тема инфлуенсер рече дека и е мило оти народот почнал да ја цени нивната работа и што тоа во суштина значи, но за разлика во Србија вели дека сепак сме многу далеку.

Згодна, позитивна и искрена Миа осврна и на нејзината кариера како водителка во „Бекстејџ“ за која вели дека немала никогаш проблем со продукцијата, но вели дека не била избркана туку завршиле многу коректно, но сепак била замолена да си замине.
– Бев замолена да си заминам, ама не е дека бев избркана на клоци, не знам како го дефинирате зборот„ИЗБРКАНА“ рече Миа и додаде дека веројатно веќе и поради годините било време да си замине секако.
Миа отворено зборува на секаква тема па затоа искрено одговори на кое место е нејзината најсеkси тетоважа.
– Меѓу градите – срце-вели Миа.
На прашање дали е cеkсот е подобар со маж или со женатаа не даде конкретен одговор.
-Зависи во какво расположение си, но ќе се сложиш со мене дека жена е жена, кажа Миа .

Таа не го избегна и одговорот на прашањето дали има некакви естетски корекции и веднаш одговори.
„Пополнети усни, ботокс, малку јаболчници и вештачки гради“ му одговори Миа на Стефан, но не успеа да се сети на некоја лоша песна на Тамара.

Со оглед на тоа дека е инфлуенсерка Миа е активна на социјалните мрежи и вели дека Тијана многу и помага и ја мотивира.
Миа ја започна својата кариера уште како тинејџерка, а беше дел од многу ТВ проекти во земјава.
Последно на што работеше беше естрадниот магазин „Бекстејџ“. Миа долги години беше дел од оваа емисија, па реши водителството да го стави на пауза и да заработува преку социјалните мрежи.
Изминатиот период таа предизвика бура реакции со својата фотографија на Инстаграм на која позираше гола. Поентата на фотографијата беше да се покажат сите тетоважи кои ги има водителката.
Дека многумина и завидуваат и на храброста и на телото не е тајна, па ја пријавуваа нејзината фотографија која Миа мораше да ја избрише.
По овој потег таа сними и видео, поради кое предизвика бура на социјалните мрежи. Поради неа „гореше“ Твитер, но за водителката тоа беше уште еден начин на промоција. Иако најави тужба за сите навреди кои ги добила, сепак на крајот таа се извини.
„Со оглед на константните пријави на профилот и сликата, во надеж дека нема да го снема профилов, морав да избришам стори каде што се појавува истата и секако да ја избришам сликата. Ви благодарам“, напиша Миа на Инстаграм-стори.
Миа неодамна го прележа корона вирусот, па откри и како се чувствувала кога открила дека е позитивна.
„Ништо посебно. Чувството не е пријатно, но знаев дека ќе го поминам и дека нема да имам силни симптоми, сепак сум млада и барем до сега здрава. Не бев во некоја паника а и не се чувствував многу лошо за да се плашам.“ рече Миа во интервју за „Гламур“
Таа откри дека два дена чувствувала непријатност како болки во тело и максимална и имала температура од 37.5, губење на чувство за мирис и вкус речиси 10 дена, и изнемоштеност и умор што трае можеби еден месец.