Мелита во прекратко фустанче покажа премногу- нејзините фановите ШОКИРАНИ, еве како им ја честиташе Нова година!
Поранешната водителка и нејзината ќерка како да се сестри.
Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ не престанува да провоцира што ги прави преку социјалните мрежи.
Честитајќи ја новата година, Мелита објави фотографија на која позира во прекратко фустанче на кое многумина не останаа рамнодушни.
Кусо сребрено фустанче со каиш на половината, нозете ги прекрсти во стилот на Шерон Стоун.
Иако првичната фотографија беше скратена и не се гледаше целото лице на Мелита, на барање на нејзините фанови таа ја објави целосната варијанта.
Малита за кратко време доби неколку стотина лајкови и коментари од воодушевените фанови.
-За да не ми експло-дира Инстаграм, ајде, еве ја целата слика која привлекува толку внимание.
Ништо помалку екстравагантно не изгледаше и нејзината ќерка Барбара која тргна по стапките на мама и стана водителка.
Барбара позираше во црно кратко фустанче кое на колковите наместо материјал, беше испреплетено со врвки.
Високи чизми над колена кои никогаш не излегуваат од мода и бела будна.
Инаку Барбара е пејачка и водителка на ТВ магазинот „Бекстејџ“, а нејзината мајка има само пофални зборови за неа.
Во една прилика Мелита откри каков е нивниот однос.
– Дека сум луда по Барби сите знаат, дури ја „гушам“ со мојата љубов. Многу се трудам да биде среќна и живеам за неа. Дали ме цени и колку е благодарна? Јас ништо за свое дете не гледам како нешто за кое треба да ми возвраќа. Најубаво е кога од срце ќе ме гушне и сака“ напиша Мелита на Инстаграм.