CelebrityНаши ѕвезди

Медените освои милиони срца! (ФОТО)

Advertisement

„Медена земја“ на вчерашните Оскари беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм.

Advertisement

 

Иако  не доби Оскар, свесни сме за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, како и за нашите  уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката.

– Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака, напишаа авторите на „Медена земја“.

Advertisement

Во објавата на Фејсбук ја додават и пораката што од Лос Анџелес ја упатува главната протагонистка на документарецот, Атиџе Муртова:

‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други, вели Атиџе.

Американската филмска академија му додели Оскар за најдобра машка главна улога на Хаоким Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, негов прв Оскар, додека наградата за најдобра женска главна улога отиде кај Рене Зелвегер за „Џуди“. Зелвегер има добиено Оскар за најдобра споредна жанска улога за филмот „Студена планина“ од 2003 година.

За најдобра машка споредна улога Оскарот го доби Бред Пит. Ова е прв Оскар на Пит за најдобра улога, има добиено уште еден, за продукција на филомот „12 мајмуни“. Наградата за најдобра споредна женска улога отиде кај Лора Дерн за филмот „Брачна приказна“.

 

Детскиот „Приказана за играчки 4“ доби Оскар за најдобар анимиран филм, додека за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Влакнеста љубов“.

Оскар за најдобро сценарио отиде кај Бонг Џун Хо, за јужнокорејскиот филм „Паразит“, додека за најдбро адаптирано сценарио успеа Таика Ваитити за филмот „Џо-Џо зајакот“.

Оскарот за најдобар документарен филм сепак го доби „Американска фабрика“, во истата категорија беше номиниран и македонскиот „Медена земја“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button