Меган Маркл прв пат во тесна облека по породувањето (фото)

Меган пред месец дена откри дека лансира своја колекција облека која треба финансиски да и помогне на организацијата „Smart Works“. Таа сега одлучи своите обожаватели да ги изненади со видео преку кое откри дел од својата колекција, но и реакцијата на штитениците на организацијата откако војвотката ги изненади облекувајќи ги во облека што се уште ја нема на полиците.

Откако откри дека планира да лансира сопствена линија облека наменета за жени, Меган Маркл конечно откри дел од колекцијата која што ја оствари со познатиот британски ланец на продавници „Marks & Spencer“, која светлото на денот ќе го здогледа оваа есен. Целиот приход од продажбата Меган планира да го донира на организацијата „Smart Works“ на која цел и е да помага на ранлива категорија на жени кои бараат работа, а на која војвотката е покровител.

ADVERTISEMENT

Војвотката во средата на официјалниот профил на Инстаграм @sussexroyal сподели видео во кое прикажа дел од својот хуманитарен проект на кој е многу горда. Во видеото се гледа како убавата војвотка ги изненади жените кои срдечно ја пречекаа, па се изгушка со сите и потоа ги облече во парчиња од новата колекција.

Поранешната актерка и ѕвезда во серијата „Suits“, за средба со своите штитенички од организацијата носеше кошула со риги со потписот „Frank & Eileen“ и темни фармерки со „skinny“ крој со кои ги истакна нејзините витки нозе.

Ова воедно е и прв пат по породувањето убавата војвотка да ја видиме во тесна облека која што го нагласува телото. Целосното издание Меган го зачини со своите омилени чевли – високи потпетици од брендот „Aquazzura“ со препознатлив рез и машна на петата.

Војвотката беше изненадена од работата на оваа непрофитна организација на која главна цел е помагање на жените во потрага за работа, подготвувајќи ги со потребни вештини и облека што им е потребна за да се чувствуваат подготвени за деловни обврски. За време на посетата на организацијата „Smart Works“ Меган забележа дека не им фалат донации, но во прашање се комбинации со несоодветни парчиња облека кои според нејзино мислење не се најдобро решение и не се величини кои нужно им одговараат на жените за да постигнат точка на самодоверба и самоуверено чувство кое им е потребно при интервју за работа. Токму затоа војвотката реши да им даде поддршка на организацијата така што ќе ја опреми со клучни модни парчиња кои жените ќе ги носат во своите деловни изданија при пронаоѓање и доаѓање на работа, беше кажано претходно на Инстаграм во објавата за медиуми.

Facebook Comments
(Visited 456 times, 1 visits today)