Меган Маркл направи голем циркус во кралското семејство – поради оваа нејзина непромислена одлука заврши на столбот на срамот

Меган повторно подигна прашина

На островот каде сите пијат чај не се воодушевени од овој потег на убавата војвотка од Сасекс, Меган Маркл

ADVERTISEMENT

Меган Маркл доби покана од уредничката на познатиот моден магазин „Вог“ да се појави на насловната страна на септемвриското издание посветено на жените кои се инспирација во светот под слоганот „Сила на промените“. Војвотката од Сасекс ја одби нивната понуда, бидејќи смета дека тоа е премногу тенденциозно, но прифати дека ќе учествува во изборот на 15-те највлијателни жени кои ќе го красат ова, со години наназад најважно издание.

Покрај Меган на листата се наоѓаат активистки, познати жени од светот на политиката и шоубизнисот. Но нејзиниот избор веднаш наиде на критика од британската јавност, бидејќи војвотката не ја ставила англиската кралица Елизабета II на овој список, иако е дел од кралското семејство откако се омажи за принцот Хари. Поранешната холивудска актерка доби критика и затоа што не ги вметна во списокот и просветните и здравствените работнички, па поради нејзиниот потег се подигна голема прашина на островот.

Facebook Comments
(Visited 174 times, 1 visits today)