Бренда Ривер Стернс e мајка на пет деца
Таа редовно објавува фотографии од нивниот секојдневен живот на нејзиниот Инстаграм профил (@she_plusfive).
Бренда се обидува да ја покаже забавната странa на нејзиниот секојдневен живот со своите деца, но исто така и да открие како изгледа телото на жената по породувањето. Таа не се срами да ги покаже своите стрии, стомак и вишокот кожа и поради тоа често е мета на отровни коментатори и тролови кои знаат да ја наречат „одвратна” и „грда”.
https://www.instagram.com/p/BtePVhZgIxJ/?utm_source=ig_embed
Таа не ги забележува ваквите зли коментари и вели дека токму тие и се „гориво за да продолжи понатаму“.
„Ми требаа пет бремености, две породувања со царски рез, три вагинални раѓања по царскиот рез и овие пет прекрасни здрави деца за да ја разберам длабочината на силата, моќта и убавината на женското тело”, вели Бренда во нејзиното интервју за „Daily Mail”.
Сакам да ја нормализираме вистинската убавина на телото на една мајка, вели таа, додавајќи дека нема да престане да објавува такви фотографии.
https://www.instagram.com/p/BvRp-FrguM4/
https://www.instagram.com/p/BuHF-xtghoA/
https://www.instagram.com/p/BsWGQslgsHx/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BtoAA9Ug6on/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BqxqqE2AdQy/?utm_source=ig_embed