Мајката на Горан почина само три дена по неговата cмрт – срцето на ЕЛИЗАБЕТА не можеше да ја издржи преголемата болка!
Тројна трагeдиja го потресе малото гратче Кубер Педи во Австралија. Мајката пoчиналa три дена откако нејзиниот син пoчинoл, а само еден ден подоцна во истото гратче почина и локален пожарникар.
34-годишниот Горан Илиќ починал на 12 ноември, а неговото тело го пронашла неговата мајка Елизабета.
Локалниот весник, „Coober Pedy Regional Times“, му оддаде почит на Илиќ, пишувајќи дека тој бил многу сакан човек од локалците.
„Горан Илиќ беше популарен меѓу сите возрасни групи“, пишува во весникот.
„Имаше природен шарм и беше добро воспитан и учтив“.
Причината за неговата cm pт допрва ќе биде објавена.
Три дена по неговото заминување од овој свет, пoчинaлa и мајката на Горан.
„Во раните утрински часови во понеделникот, Елизабетa Илиќ се разбудила со болка во градите и ги повикача пријателите на помош“, пишува весникот.
„Беше повикана брза помош, но г-ѓа Илиќ починала во болница неколку часа подоцна“.
„Пријателите раскажуваат дека г-ѓа Илиќ имала срцева болест и веруваат дека тагата поради cмр ттa на нејзиниот син предизвикала срцев удар“.
По загубата на Горан беше формирана група „GoFundMe“ за групно собирање на финансиски средства, насловена како „прерано одземена убава душа“.
„Секој што имал интеракција со Горан знаеше дека тој е различен, тој можеше да разговара со секого и да го шармира“,пишува на платформата
„Горан остави влијание врз сите нас на толку многу различни начини и во многу други градови“.
Неговиот пријател Лука Белошевиќ се огласи на Фејсбук и напиша: „Почивај во мир брате Горан Илиќ. Ќе ми недостигаш многу.’
Но, заедницата Кубер Педи повторно ги стресе трагедија откако беше објавена и веста за згаснувањето на животот на локалниот пожарникар.
„Тагуваме за загубата на Џејден, многу сакан и почитуван член на заедницата, семеен човек, партнер, татко, син, брат, пријател, бизнисмен, волонтер и многу повеќе“, пишува во локалниот весник.
Локалците им оддаваат почит на тројцата жители на Кубер Педи преку интернет.
„Каква ужасна недела за заедницата. Изгубивме 3 членови на нашиот град“, напишаа тие.
„Прво Горан Илиќ а потоа само неколку дена подоцна неговата мајка, мојата пријателка, Елизабет и потоа за само неколку дена Џејден Вотс“.
„Оваа година го кажавме последното збогум на премногу наши пријатели и соседи и јас со нетрпение го чекам крајот на годинава“.
„Изразувам искрено сочувство до семејството и пријателите на Елизабет и Горан Илиќ и до семејството и пријателите на Џејден Вотс. Моите мисли и молитви се за сите вас“, пишуваат луѓето на социјалните мрежи.