Маја Кикириткова:„Секоја девојка во својот ормар мора да има: црн фустан, бела кошула, црно сако и панталони“

Синот Лазар е причина зошто таа продолжи да го гради својот бренд, но овој пат со ново име Елеазар. Маја Кикириткова е наша позната дизајнерка , која вели дека иако еден период јавноста не ја следеше, сепак таа никогаш не престанала да твори.

ADVERTISEMENT

Што се крие зад новата колекција на Маја Кикириткова?

Новата колекција е поделена во два дела есен и зима. Есенската колекција е инспирирана од природата и е поделена во пет сегменти. Во првиот сегмент е застапен животинскиот дезен, во комбинација со еко кожа, вториот е песочен и овде преовладуваат земјените тонови, третиот е златно-зелен, четвртиот безвременски и преовладува црната боја и петиот и последен е сиво-син. Приказната за целата колекција е спојување на овие пет сегменти, каде што животните во есен чекорат по песок и златно-жолти лисја, црно како неизбежен дел и евергрин засекогаш и сиво-плаво асоцијација на небото. Кога се гледа целата колекција во целина гледаме еден пејсаж на есенска убавина надополнета со животни. Целата колекција е надополнета со златни детали, како копчиња, патенти и токи. Зимскиот дел од колекцијата се бунди од вештачко крзно, кои се поделени во три сегменти. Првиот е колоротен и шик, наменет за похрабри девојки и жени, во вториот се застапени земјените тонови и има една посмирена палета на бои и третиот е безвременската класика црно-бело. Повторно е задржан моментот на оуверсајз парчиња облека.

Каков тип на облека ве опишува?

Кога ќе се спомне брендот Елеазар, асоцијација се оуверсајз парчиња облека, мантилите и капутите, кои воедно можат да се носат и како фустани се најмногу застапени во колекциите. Сите парчиња се носливи и наменети за жени кои секојдневно сакаат да излгледаат модерно, урбано, шик и препознатливо.

Што според вас е потребно да се позиционираш и да успееш на светската сцена?

Квалитетен дизајн, но и добар менаџер кој сето тоа може да го избутка и да те промовира.

Која е твојата инспирација, што ти помага во креирањето?

Инспирација наоѓам во се’ што ме опкружува, фамилијата, патувањата, драѓи луѓе, добра храна…

Што е она што секоја девојка мора да го има во својот ормар?

Црн фустан, бела кошула, црно сако и панталони. Нормално тука се и фармерките кои се вечен пријател на секоја девојка и жена.

Колку модата влијае на карактерот на една девојка?

Многу. Преку стилот на облекување може да се прочита за каков тип на девојка станува збор. Доволно ми е само да погледнам како е облечена девојката и веќе можам да знам што можам да и понудам на таа девојка. Јас знам секогаш да кажам, немојте слепо да ја следите модата, имајте изградено свој сопствен стил и градете го и одржувајте го. Стилот е многу поважен од модата.

Facebook Comments
(Visited 220 times, 1 visits today)
Loading...