Мартин Трајановски: „Љубовта кон она што вистински го сакате никогаш не се раѓа или “наметнува”

Златното правило вели: „Една слика е еднаква на илјада зборови“, но што всушност претставува таа една слика која може да се замени со илјада зборови и за магијата на фотографијата разговаравме со младиот фотограф Мартин Трајановски.

Како се роди љубовта кон фотографијата?

ADVERTISEMENT

Се сеќавам уште како многу мал, моите родители и роднини во повеќе наварти ми имаа кажувано дека често знаеле меѓусебно да си кажат: Еден ден, ќе се занимава со уметност! Па според тоа, љубовта кон фотографијата никогаш воопшто не се ни роди.  Едноставно ставете се во улога на родител и запрашајте се: кога се роди љубовта кон вашето дете? Мислам дека одговорот го добивте. Љубовта кон она што вистински го сакате никогаш не се раѓа или “наметнува” – секој човек се раѓа со тоа!

Кога почнавте со фотографијата? Може ли накратко да ни го опишете мигот кога за првпат земавте фотоапарат во рацете?

Првите почетоци околу фотографијата беа пред десетина години, но професионално пред четири, поради тоа што кога почнав да се интересирам  и можеби сфаќам дека сакам да се занимавам со фотографија имав 11 или 12 години.

Интересното е тоа што првиот уред кој го користев за фотографирање не беше фотоапарат, туку телефон со 2 мегапикселна камера кој сеуште го чувам! (се смее). Мислам дека дури и оние кои не се разбираат од квалитет на камера или технички уреди од овој тип, ќе разберат колку е тоа малку, особено во ова време на секојдневно развивање на технологијата и секојдневното подобрување и усовршување на камерите на смарт телефоните. Првите изработени фотографии со истиот тој “два-мегапикселен уред” беа навистина “остварување на сонот” поради тоа што за прв пат можев да го овековечам моментот кој шпто сум го забележал и притоа да можам да манипулирам со истиот на некои од тогашните онлајн страни за обработка на фотографии кои беа мој “escape from reality”.  Првиот фотоапарат што го поседував беше еден многу мал дигитален фотоапарат кој во тоа време беше сигурно мојата најинтересна играчка (фактот што веќе не работи и го чувам како some kind of а сувенир се надевам дека кажува колку многу беше користен и истовремено “измачуван” од моја страна). Никогаш нема да ги заборавам периодите кога бев во фаза на избирање нов апарат, а во истиот момент не поседував никаков, па бев “приморен” да позајнувам апарат од пријатели кои воошто не ги користеа или пак ги користеа минимално за лични потреби (сигурен сум дека ќе се смеат кога ќе го прочитаат ова ).

На што треба најмногу да се внимава кога се фотографира?

Во зависност од тематиката која се обработува во конкретен проект  – според тоа се одредува и фокусот на  гледачот. Иако секогаш има добредојдени исклучоци за кој што јас секогаш навивам, се поради постигнување на ефект на единстевност  и препознатливост во изразувањето при фотографирање.

 

Кои се вашите омилени фотографии? На која тематика сакате да фотографирате најмногу?

Оние кои што го задржале најмногу вниманието на гледачите – тоа се моите најомилени фотографии.

Ретроспективно гледано мислам дека скоро во секоја област имам помешано прсти. Почнувајќи од нај различни настани, интервјуа, па се до фотосесии за клиенти или брендови. Искрено мислам дека најмногу се пронаоѓам во модната фотографија или фотографирањето за интервјуа поради тоа што многу често интервјуата на познатите личности се направени во концепт на модна фотографија. Многу пати знам да им се помешам во работата на оние кои се задолжени за стајлингот на моделот или за кое парче со кое би било подобро да бидат искомбинирани.

Како и да е, се додека финалниот производ е високо квалитетен и задоволувачки за клиентот – не постои “омилена” или “неомилена” тематика за фотографирање што впрочем претставува “наградата” со која можеме да бидеме горди на својата работа!

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed