Реклама
Наши ѕвезди

Мартин од „Некст тајм“ покажа како го гали стомакот на бремената сопруга – и двајцата блескаат од љубов

Музичарот покажа како изгледа неговата бремена сопруга

Реклама

Мартин Филиповски или во јавноста познат како Мартин „Некст тајм“ викендов ја круниса љубовта со ракометарката Андреа Белеска.

Познатиот музичар Мартин Филиповски, попознат како Мартин „Некст тајм“ објави фотографии со кои ги воодушеви сите.

Имено, Мартин и неговата сопруга, ракометарката Андреа Белеска, наскоро ќе се остварат во улога на родители, а веста дека чекаат принова ја споделија на најубавиот можен начин.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Тие направија неколку фотографии на кои во преден план е трудничкото стомаче на Андреа, а кои ги оставија сите без здив.

Маркетинг

Преубавите моменти што ги снимија музичарот и неговата сопруга ги оставија сите без здив, а еден посебно му се допадна на братот близнак на Мартин, Филиповски Стефан, па си остави и коментар.

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Овие фотографии разнежнија многумина, посебно оние што имаа прилика прв пат да ја видат Андреа во вакво издание.

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Таа едноставно блескаше со трудничкото стомаче, посебно додека нејзиниот сакан ја бакнува во чело или кога го допира бебето.

Потсетуваме, Мартин и Андреа беа цели осум години во врска пред да решат да ја крунисаат со брак. Тие на лудиот камен застанаа во јуни минатата година, а запросувањето беше една година претходно. Нивната љубов едно време беше „љубов на далечина“ заради професионалните обврски што ги имаше македонската ракометарка, но кога двајца се сакаат очигледно дека не постојат граници.

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Белеска потекнува од Кичево, беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК, додека нејзиниот сакан е дел од легендарните „Некст тајм“, групата во коа Мартин свири на гитара, а неговиот брат Стефан е водечки пејач.

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button