Марко Николиќ на хемотерапија патувал со градски превоз
Целиот регионот го потресе веста за смртта на легендарниот југословенски и српски актер Марко Николиќ. Тој почина на 1 јануари, откако неколку години се бореше со опасната болест, а веста за смртта преку социјалните мрежи ја соопшти неговата ќерка Мина.
За борбата со ракот Николиќ неколку пати отворено зборуваше, а минатата година во април тој во едно интервју изјави дека на хемотерапија патувал со јавен превоз.
„Ми се случувало по терапијата да нема место каде да седнам во автобусот кој беше преполн со луѓе“.
„Постојано одев до онкологија. Фала му на Бога, сега одам само еднаш во шест месеци. Еднаш влегов во полна 33-ка и одвај се качив. На крајот на автобусот стоеше еден голем човек и кога ме препозна, изненаден ми рече: ’Марко, да скорнам ли некого??’.Немојте, ве молам да подигате никого “, раскажа минатата година легендарниот актер.
https://www.youtube.com/watch?v=rlH6BdsX8GU