Реклама
Стил

Манекенката Дунавка како да не старее – ова е едно од најубавите изданија што сме ја виделе (фото)

Манекенката во креација што мами воздишки

Реклама

Едно од најубавите изданија што сме ја виделе

Манекенката Дунавка Трифуновска ги изненади своите фанови со неколку фотографии на социјалните мрежи.

Познатата дама овој пат позираше во преубав црн фустан со потписот на една од најпознатите македонски дизајнерки, а целото издание го зачини со елегантни црни ракавици и преубава шминка.

Маркетинг

Покрај ова свое издание, Дунавка за која едно време се шушкаше дека е во љубов со Владо Јаневски, и неодамна ги изненади сите.

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Но таа тогаш наместо црно од „глава до пети“ блесна во едно малку поинакво издание со кое повторно го освои шоуто.

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Станува збор за креација со екстравагантно длабок шлиц, кој исто така е со потписот на Елена Лука, а во кој нашата манекенка изгледаше како холивудските диви на црвениот килим.

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Потсетуваме, Дунавка неодамна се разведе од бракот со Ване Цветанов, а неодамна во интервју за „Гламур магазин“ откри дека 2023 ќе ја памти по неколку нови познанства што и го греат срцето, но и по тоа што конечно ја добила слободата што ја посакува, па сега се буди среќна и не живее во нечии болни амбиции дека нешто мора и треба.

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Таа е стоматолог по професија, но луѓето повеќе ја препознаваат како манекенка која и денес одлично се држи кога е рамо до рамо со новите, помлади колешки. Трифуновска се уште одлично се држи и изгледа како да не старее, а дека тоа навистина е така, погледнете и уверете се и сами од фотографиите во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм/ Дунавка Трифуновска

Поврзано

Back to top button