Македонците што живеат во Германија шокирани од овие вести – НАЈСРЕЌНИТЕ ќе добиваат по 15.000 евра годишно за ништо!

Необичен експеримент во Германија

Иако многумина ќе помислат дека се работи за накеков трик или скриена намера, сепак не е така.

Ќе добивате по 1200 евра месечно и тоа цели три години, а се што треба да се направи е да одговарате на прашања и неколку анкети.

Според германскиот медиумски сервиц „Дојче веле“, тоа е дел од пилот проект чија цел е да се испитаат ефектите од безусловниот основен приход. Повеќе од два милиони луѓе се пријавија, а на крајот беа избрани 122 лица.

Учесниците не мораа да докажат дека имаат потреба од пари, а за време на проектот им е дозволено да работат што и колку сакаат. Тие немаат никакви обврски кон финансиерите на проектот, освен што „треба да пополнат седум прашалници на Интернет во рок од три години од студијата“, се вели на веб-страницата на проектот.

Се разбира дека интересот бил огромен, па за само една недела се пријавени 1,5 милиони волонтери.

Поразговаравме со еден нашинец кој веќе неколку години живее во Германија и кој се пријавил за овој експеримент. За жал тој не бил меѓу среќниците што биле избрани, но како што вели, овие 1200 евра секако дека убаво би му дошле. „Тоа е нешто како оние во Македонија што добиваат плата, а не одат на работа. Германците можеле да се консултираат со нив и да донесат заклучоци, наместо да фрлаат пари на ваков експеримент“, ни вели тој во шега.

Како влијаат парите на луѓето?

Дополнителни 1.380 случајно избрани лица, исто така, ги пополнуваат прашалниците на секои шест месеци, но тие не добиваат основен приход, туку само надомест за времето поминато во пополнувањето на овие формулари.

Парите за проектот ги обезбедија околу 150.000 приватни донатори, а оние што ќе ги добијат во следните три години нема да молат данок. Тоа се донирани пари во износ од 43.200 евра по учесник, вкупно околу 5,2 милиони евра.

Проектот беше инициран од непрофитното здружение „Мој основен приход“ од Берлин.

Иницијаторите се убедени дека безусловната исплата на пари на сите граѓани ќе реши многу проблеми на денешното општество и дека луѓето ќе станат послободни, покреативни и посреќни доколку се ослободат од притисокот дека треба да заработат доволно пари за да преживеат.

Како дел од проектот, ќе се обидат да истражат дали реалноста може да ја издржи таа утопија.

„Ќе тестираме што прават луѓето кога ќе бидат финансиски безбедни три години. Дали ќе ги потрошат тие пари или ќе создадат финансиски резерви? Дали ќе престанат да работат или ќе се активираат повеќе? Дали ќе работат помалку? Дали ќе станат социјално ангажирани, дали ќе донираат повеќе “, вели раководителот на студијата, Јирген Шуп, од Германскиот институт за економски истражувања.

Шуп верува дека сето ова може да се утврди во овој обемен експеримент, па дури и, како што додава, промените во нивото на стрес може да се испитаат со примероци од косата на испитаниците, бидејќи се очекува да бидат под помал притисок благодарение на донираната (најниска ) плата.

Дебатата за безусловниот основен приход со години е крајно идеолошка и, како што наведува ДВ, суштинското прашање е: Што прават луѓето кога не треба да работат.

На крајот, секој учесник ќе добие по 43,200 евра, или севкупно 5,2 милиони евра за целиот проект. Сето ова беше иницирано од добротворна организација од Берлин.

Сон кој нема врска со реалноста?

Критичарите велат дека ова е идеја на левичарските мрзливци кои сакаат да уживаат на сметка на целата заедница, сепак основачот вели дека ова истражување ќе биде продуктивно, а попоборниците на идејата гледаат на тоа како решение за сегашните и идните проблеми.

„Нашата студија нема да ги реши сите прашања поврзани со основните приходи“, признава Јирген Шуп. Но, тој сè уште со нетрпение очекува да одговори на клучното прашање – Што им прават парите на луѓето, како возбудливо научно прашање за кое нема сигурни студии никаде во светот.

Па ако е тоа навистина така со нетрпение ги очекуваме резултатите на ова истражување.

Македонците во Германија

Од година во година расте бројката на оние што решиле да си ја побараат среќата во Германија, освен во последните две-три години. Сепак, според официјалните податоци, во 2020 година помал број македонски граѓани добиле германско државјанство отколку во 2019-та. Главен виновник за тоа е пандемијата, се вели во извештајот од Сојузниот завод за статистика.

Тренд на намалување се забележува и кај сите останати националности, а тоа, како што се соопштува од Сојузниот завод за статистика, се должи пред сѐ на пандемијата на вирусот корона и Брегзит.

Во пандемиската 2020-та година помал број странци во Германија добиле германски пасош отколку во годината пред тоа.

Така е и со граѓаните од Македонија.

Според официјалната статистика во 2020-та 690 македонски граѓани (310 мажи и 380 жени), добиле германски пасоши. Тоа всушност претставува намалување од околу 19 проценти во споредба со 2019, кога германски пасош добиле 850 граѓани од Македонија (400 мажи и 450 жени).

Со тоа продолжува надолниот тренд забележан во последните години. Имено , во 2018 година германски пасош зеле 940, а во 2017 година – 988 македонски граѓани.

Тренд на намалување се забележува и кај сите останати националности, а тоа, како што се соопштува од Сојузниот завод за статистика, се должи пред сѐ на пандемијата на вирусот корона и Брегзит.

Во 2020 година германско државјанство добиле вкупно 109.900 странци, односно 15% помалку отколку во 2019-тата:

„Ова намалување се должи половина на намалувањето на давањето државјанства на Британците“, велат статистичарите.

(Visited 1.446 times, 1 visits today)