Македонските политичари со емотивни статуси изразија сочувство – трагедијата го потресе секој човек во нашата држава

Страшна вест утринава ја разбуди Македонија.

Автобус полн со македонски државјани рано утринава направи сообраќајна не-среќа во Бугарија, во кој за-гинаа 46 лица, меѓу кои 12 од нив се деца.

Тажната вест како „бо-мба“ одекна на социјалните мрежи, а ова е најстрашната и најголемата тра-гедија во Европа во изминатите 10 години.

Со статуси за сочувство се огласија многу македонски политичари уште рано утринава, а рамнодушни не останаа ни познатите и јавни личности во земјава, но и регионот.

-Во автобуска несреќа за-гинаа македонски државјани, меѓу кои повеќе деца и млади, а има и неколку повредени. Упатувам мое искрено сочувство до семејствата на починатите и им посакувам брзо закрепнување на повредените, напиша премиерот Зоран Заев рано утринава кој заедно со министерот Филипче и министерот Османи се упатија во Софија.

Фото: Фејсбук/ Зоран Заев

Откако пристигнаа тој соопшти дека е во постојана комуникација со бугарските власти, но и дека зборувал со преживеаните во несреќата.

Тој објасни дека спиеле во автобусот која се слушнала силна експлозија. Успеале да скршат еден од прозорците и да се спасат неколку луѓе. За жал, другите не успеале. Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца

– 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години, изјави Заев.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Сочувство изрази и министерот Филипче.

-Веста за страшната трагедија што се случи во Бугарија не потресе сите. Многу млади изгубени животи, неизмерна тага и болка за семејствата до кои изразувам сочувство, напиша тој.

На Фејсбук се огласи и заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

-Нема зборови на утеха за ваква трагедија, нема душа што може да издржи ваква болка.

Сочувство за семејствата на по-чинатите, сила и брзо заздравување за преживеаните, напиша тој.

Фото: Фејсбук/ Никола Димитров

Секако и претседателот Стево Пендаровски искажа длабоко жалење и сочувство до семејствата и потенцираше дека очекува надлежните да спроведат истрага за да се утврдат причините за несреќата.

-Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравотната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија.

Фото: Фејсбук/ Стево Пендаросвки

Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која не се памети во нашата понова историја.

Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените-напиша Пендаровски.

Нема човек кој може да остане рамнодушен на ваква трагедија!

(Visited 78 times, 1 visits today)