Македонските познати дами во стилот на Џенифер Лопез- погледнете и КОМЕНТИРАЈТЕ, на која подобро и стои оваа тренди фризура?
Ниту една нејзина објава не останува незабележана.
Каде и да се појави или со секоја објава на социјалните мрежи Кристина Димитриевска жари и пали.
Таа е активна на социјалните мрежи па често може да ја видиме во различни изданија.
Нашминкана и скоцкана од глава до петици, во секојдневена варијанта, во теретана или без грам шминка Кристина секогаш изгледа совршено.
Овојпат таа испроба една од најпопуларните фризури, па покажа како изгледа.
Во стилот на Џенифер Лопез која оваа фризура ја носеше во нејзиниот најнов спот, односно два видеоспота кои ги направи со пејачот Малума.
Фризурата одлично и стои и ги истакнува нејзините полни усни.
Многу познати дами веќе ја испробаа оваа фризура, а меѓу нив се најдоа и Лила Филиповска, Елена Велевска и Лото- Маријана.
Лила беше меѓу првите кои ја испроба оваа фризура на која исто така одлично и прилега.
„Она кога фризерот ќе ти се инспирира од новиот спот на J. Lo и Maluma. А, J. Lo ’на апарати“ напиша тогаш Лила.
Истото го направи и Велевска која ја испроба оваа фризура, а веднаш по неа и истото го направи водителката Маријана Станојковска.
Сите дами која од која поубави и на сите одлично им стои оваа фризура, но која највеќе ви се допадна вас погледнете па одлучете сами.
Што мислите, на која од овие дами најубаво и стои?