Македонскиот крал на кафеаните ќе ја менува професијата? Наместо микрофонот, се фати да цепи дрва за 20 евра дневница?!
Познатиот македонски пејач смени професија.
Сашо Ноиќ или по познат како Цаки Кисми објави интересно видео и малку се пошегува со своите фанови.
Кралот на кафеаните како што многумина го нарекуваат со години е на македонската музичка сцена, а зад себе има еден куп хитови, а сега покажа дека освен за пејач го бидува и за друга работа.
На Фејсбук Цаки сподели видео на кое вели дека почнал да носи дрва и дека кој сака може да го најми за работа.
„По изедени 20 ќебапи, спремен сум за работа. Инаку, 20 евра дневница е. Кој сака, може да ме најми за работа“.
Оваа шега навистина ги насмеа неговите фанови, но сепак едно е сигурно дека тој е вистински домаќин.
Со право го носи прекарот „крал на кафеаните“, затоа што единствено тој умее да направи луди забави каде и да пее. На неговите настапи публиката е на нозе и долго после тоа се прераскажуваат забавите.
За некои луѓе минатата година беше тешка и тажна, но во семејството Ноиќ донесе среќа.
Цаки и неговата сопруга Пале си добија зет, но и внуче.
Гордиот дедо веста ја објави на социјалните мрежи.
„Станав дедо си добив внук, нека ми е жив и здрав и сите да си дочекате“ напиша тој на Фејсбук.
Стигна на свет нашиот прв внук, прва радост, од нашата прва радост Милена. Фала ти ќеркичке наша што ни подари таква радост! Да ни е живо и здраво, благословено со мајка и татко да порасне“ напиша и пресреќната баба.