Македонска пејачка позираше во тесно фустанче и направи лом на СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи: „Нема поубава девојка од тебе“!

Адријана Ацевска објави неколку нови фотографии на Инстаграм од кои можеме да видиме дека изгледа одлично.

Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска

Таа овој пат го облече најтесното фустанче во коешто сме ја виделе досега и ги шокираше сите со своето деколте.

Фановите се воодушевени од тоа како изгледа, па следуваа бројни ласкави коментари на социјалните мрежи.

Инаку, Адријана Ацевска стана мега популарна со нејзиниот хит „Кеш кеш“ кога и го доби прекарот Адријана Кеш.

Таа е популарна и на социјалните мрежи каде редовно објавува пикантни фотографии наменети за нејзините фанови.

Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска

Таа овој пат објави и една фотографија во склоп на нејзините Инстаграм приказни на која најави дека има незавршена работа, најверојатно алудирајќи на тоа дека полека повторно им се враќа на своите настапи.

Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска

Имено, заради ситуацијата со короната многу музичари останаа без своите тезги, па речиси сите се нестрпливи ситуацијата да се смири и повторно да почнат да функционираат како и порано, пред епидемијата.

Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска

Што се однесува до нејзината музичка кариера, таа во една пригода ќе изјави:

„Работам напорно, имам настапи и сум презадоволна од правецот во кој се движи мојата музичка кариера. Многу често добивам цвеќиња и уживам во такво внимание. Имало и креативни обожаватели со интересни пораки и подароци, но цвеќето за мене е врв“, изјави Ацевска во една прилика во интервју за Гламур магазин.

Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска

Инаку, Адријана е позната како жена што има храброст и сака да експериментира со својот имиџ. Тоа можеме да го видиме од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи. Па така на пример на Инстаграм можеме да ја видиме во најразлични модни изданија со кои во преден план го истакнува своето тeлo на кое не можете да му најдете ниту една мана во што може да се уверите и сами…

Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
(Visited 2.368 times, 1 visits today)