Кога ќе се спомене името Шенка Колозова веднаш кај сите се будат спомени од детството.
Родена е во Добрево, Пробиштипско на 1 февруари 1947 година.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов
Таа е пензионирана македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни.
Многу генерации пораснаа со оваа серија и сите со нетрпение ја чекаа пред малите екрани.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов
Со глума почнала да се занимава уште на 18 години, во штипскиот театар, потоа во кумановски и на крај во Македонскиот народен театар во Скопје, каде и се пензионирала.
Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов
Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија.
Со нејзиниот сопруг, Ѓорѓи Колозов беа неразделна двојка и на сцената и во животот.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов
Во македонските народни приказни најчесто ги глумеа цар и царица и токму така останаа препознатливи кај публиката.
Пензинерските денови ги поминува во својата куќа во охридското село Велестово. Таму таа одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, коси трева, сече дрва и ужива во природата.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна Ѓорѓи Колозов
Годинава Шенка го прослави 77-от роденден.
Среќен роденден!