Македонската фолкерка ги запали социјалните мрежи- Среде зима во костим за капење изгледа подобро од кога било
Македонската фолк естрада изобилува со убави и атрактивни пејачки, а една од нив е и Анета Наковска која изгледа подобро од кога било.
Анета Наковска веќе долги години е дел од македонската музичка сцена и е една од најдобрите пејачки во земјава.
Таа е во брак со бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД, па деновиве пејачката објави фотографија од плажа.
Додека во Македонија е студено и паѓа снег, таа се сонча на плажа и покажа завидна фигура во костим за капење.
„Семеен ден на плажа“, напиша таа во описот на фотографијата.
Инаку и покрај тоа што ретко се појавува во емисии, пејачката е многу активна на социјалните мрежи, каде често ја кажува и својата критика за актуелните политички случувања. Таа често објавува и свои приватни фотографии, а овој пат дефинитивно ги изненади сите.
Таа и денес е згодна, убава и неодолива, па можеме да заклучиме дека бракот со Спиро и годи, па не изостануваат и комплиментите од нејзините фанови.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел. Спиро и Анета живеат до САД и нема сомнеж дека уживаат.