Македонската Софија Лорен го „запали“ Инстаграм – водителката им одржа лекција на познатите дами
Татјана во едно од најубавите изданија досега, им одржа лекција по елеганција на своите колешки
![](/wp-content/uploads/2024/07/tatjana10.jpg)
Познатата водителка Татјана Стојановска важи за една од најелегантните жени од јавната сцена во Македонија.
Таа сега покажа и зошто е тоа така, а ова нејзино издание едноставно не можеше да помине незабележано.
Нашата Софија Лорен, напиша нејзиниот стилист на една од фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Имено Татјана најпрво се пофали со новата фризура што ја направи специјално за Охридско културно лето, а потоа објави и една фотографија на која позираше во феноменалниот црвен фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Станува за преубава креација од македонската дизајнерка Елена Лука во која Татјана изгледаше како холивудска дива.
Имено, Татјана со своите стајлинзи за вакви настани секогаш остава без здив, а така беше и сега кога блескаше со елеганција.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Станува збор за моќна тоалета која ја следи линијата на нејзиното тело, зачинета со суптилен шлиц и деколте со спуштени ракави.
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, а сите се согласни дека водителката изгледаше беспрекорно.
Инстаграм/ Елена Лука
„Преубава“. „Нашата Моника Белучи“, „Преубавата Татјана“, „Убавицата наша“, беа само некои од овие коментари.
Па, дали ви се допаѓа ова огнено издание на Татјана?