Огласи
Огласи 2
Стил

Македонската Прва дама во моќно издание што го обожаваат Кејт Мидлтон и Меган Маркл

Првата дама ги воодушеви сите со ова елеганто издание

Огласи 3

Во вакво издание секоја жена изгледа моќно

Женските костуми се во мода и оваа сезона, а доколку сакате да оставите посебен впечаток изберете бела боја.

Токму во едно такво издание деновиве се прошета и нашата Прва дама Елизабета Ѓорѓиевска која со својот сопруг, претседателот Стево Пендаровски е гостинка на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Имено, македонската прва дама за еден настан организиран во склоп на самитот избра костум во оваа боја и ги воодушеви сите,

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓорѓиевска

Во прашање е комбинација во која секоја жена изгледа, но и се чувствува моќно, а токму тоа е и причината што е популарна меѓу многу познати дами како што е на пример принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓорѓиевска

Тие можат да бидат дел од деловните изданија, но и да се носат во свечени пригоди, што зависи од начинот на кој го правите тоа.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓорѓиевска

Првата дама на Македонија костумот го носеше со бели стилето чевли со високи потпетици и црна блуска, а целото издание го зачини со децентна шминка и исфенирана фризура со локни во предниот дел.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓорѓиевска

Бети во ова издание изгледаше младешки и поприлично модерно, па слободно би можеме да кажеме дека заслужува чиста десетка.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓорѓиевска

Што мислите вие?

А еве и како изгледаат и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и нејзината јатрва Меган Маркл во едно вакво издание.

Наши предлози

Зара

Манго

Манго

Манго

Маркетинг

Поврзано

Back to top button