Македонската пејачка се породи пред две недели, а сега ја покажа ЌЕРКИЧКАТА – фолкерката сподели преслатка фотографија
После неколку години брак македонската фолкерка доби ќерка, а сега за првпат ја покажа на социјалните мрежи.
Татијана Стефановска пред две недели се реализираше во улогата на мајка, па иако не покажа дека е бремена таа на социјалните мрежи ја сподели убавата вест дека добила ќерка.
Татијана не објавуваше фотографии во текот на бременоста, но затоа сега сподели фотографија од својата наследничка.
Во кусите приказни на „Инстаграм“, пејачката сподели фотографија од бебенцето, поточно не го покажа нејзиното лице туку само малите и преслатки нозе на бебето.
Татјана и Митко станаа родители на мала принцеза Ана, а ова го споделија и на Фејсбук.
„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката на „Фејсбук“, а истата објава беше постирана и на профилот на нејзиниот сопруг.
Секако под објавата честитки пристигнуваа од сите страни, а многумина беа и изненадени бидејќи само малкумина знаеја дека парот чека принова. Шармантната битолчанка долги години ја водеше битката да се оствари како мајка, па затоа и на оваа тема ретко зборуваше во јавноста.
Таа неодамна изјави дека пандемијата уште повеќе ги зближила со сопругот, кој исто така е музичар.
Па и покрај пандемијата таа се трудеше да работи и да остане во топ форма па во едно интервју за ММС откри како го правела тоа.
„Тоа дека готвев во изминатиов период не значи дека не внимавав на линијата иако морам да признаам дека качив некое кило, но бидејќи теретаните беа забранети вежбав дома и внимавав на исхраната. Сега е убаво време за пешачење покрај езеро, се отворија и салоните за убавина, па можам комплетно да е посветам на себеси, односно на нега на моето тело и дух“, изјави неодамна познатата пејачка.