Македонската пејачка ослабна дури 40 килограми, па посамоуверена од било кого испрати МОЌНА порака
Македонската пејачка Ивона Јовановиќ или во јавноста позната како Ивона Јо посамоуверена од кога било.
За првпат ја запознавме на регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде со својот моќен глас веднаш ја освои публиката и жирото.
Иако доби критики од Јелена Карлеуша на сметка на нејзината тежина, таа никогаш не се срамеше од вишокот килограми и гордо ги носеше.
Сепак таа неодамна ги изненади фановите кога соопшти дека се решила за операција и намалување на желудникот, па ниту во еден момент не се повлече туку секој чекор го споделуваше заедно со нив.
Полека, но сигурно таа заздравува од операцијата, а веќе драстично ослабна, па е посамоуверена од кога било.
Деновиве таа соопшти дека изгубила дури 41 килограм п направи споредба со неколку фотографии.
Дека Ивона се чувствува убаво во своја кожа докажа и кога реши да позира топ-лес.
-Една од најважните работи која не сум ги знаела за себе е огромната потреба за љубов која секојдневно сум ја имала а ниту еднаш вистински не сум си ја пружила.
Веќе подолго време ритуал и мое секојдневие е љубовта и грижата која и е потреба на Ивона. Силно се прегрнувам секој ден и славам ко да утре не постои …
Затоа и секој 26 датум од месецот велам дека ми е роденден. Нов роденден. Нова јас.
И да, почнувам да и простувам на Ивона. Ивона која не знаела зошто а ни како.
Ивона поради која денес јас сум ова што сум, напиша таа.
Ивон е вистински пример за девојка која умее да се сака себеси иако беше доста критикувана таа секогаш на нозе ја дочекуваше секоја критика, па деновиве се реши да направи и тетоважа.
-Целиот пат е долг, на некои моменти стрмен и бара внимание, посветеност и МНОГУ ЉУБОВ КОН СЕБЕ.
Само нежно кон себе!“ напиша таа и објави фотографија од новата тетоважа.
Со оглед на тоа во какво општество живееме Ивона испрати силна порака до сите млади да се сакаат себеси и да не потклекнуваат на критики и лоши коментари.