Македонската Гранд ѕвезда реши да го промени имиџот заради неа – неверојатна трансформација со која ја освои и Карлеуша

„Од грдото пајче се претвори во бел лебед“

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Младиот пејач од Струмица, Мите Стоилков, важеше за еден од најдобрите натпреварувачи во „Ѕвездите на Гранд“ каде стигна до престижното четврто место.

Тој за целото време на натпреварот важеше за смирено момче со сјајни вокални способности и извонреден талент за музика.

За време на натпреварот најчесто избираше песни кои што лежат на неговиот сензибилитет, а публиката најмногу ја изненади сите со промената на имиџот што ја направи за време на шоуто. Мите сега како гостин во емисијата Гранд Магазин откри како дојде до таквата трансформација.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

„Вики ми рече дека морам нешто да променам, дека сум досаден и така му се јавивме на тимот од Македонија и почнавме да се движиме на сцената и стајлингот, а јас секогаш бев фокусиран на пеењето“, изјави Мите чија промена прва му ја забележа Јелена Карлеуша.

Младиот пејач не ги крие емоциите кои по финалната вечер се уште не стивнале, но и дека е пресреќен што се враќа во Македонија откако цел месец живееше во Белград заради натпреварувањето во шоуто.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, Мите во „Ѕвездите на Гранд“ важеше за еден од најдобрите кандидати од Македонија. Тоа впрочем му го кажа и Саша Поповиќ, кој не криеше дека е воодушевен од неговиот извонреден талент.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Од грдото пајче во бел лебед

„Кој си ти? Јас не те препознавам – изјави Јелена, па додаде: Каква преобразба беше тоа? Не го носи повеќе оние очила. Јас ни не знаев дека имаш косичка! Ти од грдото пајче се претвори во бел лебед, му порача Јелена Карлеуша по еден од неговите последни настапи пред финалето.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Само да потсетиме, Мите во 2016 година, со помош на гласовите од публиката победи во „Ѕвездите на Пинк“.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
(Visited 831 times, 1 visits today)