Македонската Гранд ѕвезда има тело на вистинска жена – објави нова ФОТОГРАФИЈА и Инстаграм повторно експлодираше!

Марија доби многу комплименти на сметка на својот изглед

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Шармантната Марија Груевска од Битола, со својата последна фотографија што ја објави на Инстаграм ги воодушеви сите, посебно со позата што ја зазеде.

Таа ги поместува границите кога е стилот и женската убавина во прашање и иако е на самиот почеток од својата музичка кариера, полека но сигурно станува една од најпознатите македонски пејачки во регионот.

Таа овој пат позираше во тренди пролетен фустан, свртена со грбот кон камерата, а во центарот на вниманието е и нејзината нога која „блескаше“ под длабокиот шлиц. Таа целото издание го заокружи со шик сандали со проѕирни високи потпетици и коса врзана во високо коњско опавче.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фотографијата Марија ја сподели на Инстаграм и веднаш предизвика воодушевување кај своите фанови.

Инаку, Марија важи за една од најзгодните пејачи на нашата домашна сцена, а таа со своите модни изданија само го потврдува тоа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа се прослави во целиот регион со своите храбри настапи во „Ѕвездите на Гранд“, а за нејзиното последно издание се уште се зборува. Имено, таа на грандиозната сцена се појави со голема бела голема змија замотана околу нејзиното тело, а со комбинезонот што го носеше го истакна своето беспрекорно женско тeло, не оставајќи многу на фантазијата.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Карлеуша и по еден од нејзините претходни настапи ќе каже дека има совршено тело, па дури и дека ја потсетува на Ким Кардашијан.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Што се однесува до популарното шоу Марија важи за една од кандидатките што би можеле да стигнат до самото финале.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Инаку, до самото финале од четиринаесеттата сезона од „Ѕвездите на Гранд“ не остана уште многу, а Марија веќе најави дека и во следниот круг ќе направи вистнски cпeктакл каков досега не бил виден на познатата сцена.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Како изгледаше Марија во нејзиното последно издание, но и уште неколку други нејзини фотографии погледнете во галеријата што следува.

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

Фото: Инстаграм/ Марија Груевска

.

(Visited 2.354 times, 1 visits today)