Македонската Бијонсе го шокиpaше целиот Балкан – се појави како монахиња, па ја coблече мантијата и направи хаос!
Марија Груевска (23) од Битола со својот настап повторно ги освои сите шест гласови во „Ѕвездите на Гранд“.
Марија Груевска која е од тимот на Александар Милиќ Мили овој пат настапи во дуел со Селим Селимовиќ (28) од Ниш, од тимот на Вики Миљковиќ.
Шармантната битолчанка овој пат се претстави со песни од Марија Шерифовиќ и „Парни ваљак“ и ги освои сите шест гласови. Но бидејќи и другиот натпреварувач освои шест гласови, Саша Поповиќ побара прегласување, по што резултатот беше три-три.
Тогаш жирито почна да му се потсмева на Поповиќ кој требаше да одлучи кој кандидат ќе оди понатаму.
„Те молам, не дозволувај Марија да се пресоблекува повторно. Па два костума, у п.м.“ му кажа Мили на Поповиќ, а потоа им се обрати и на останатите колеги од жирито.
„Што ви е, како три-три? Па погледнете ја неа, зар ова шоу не се вика ‘Ѕвездите на Гранд’?“ алудираше тој на двете извонредни модни изданија со кои Македонката се престави во овој круг.
Таа најпрво се појави во костум на опатица, а потоа се соблече во костум што потсетува на оние од кабаре настапите.
„Па и Селим е одличен, немој така“, го бранеше Јелена Карлеуша другиот кандидат, а потоа Мили им се обрати на Снежана, Ана и Ѓорѓе кои му дадоа глас. „Момчето е одлично, но не може да се спореди со неа!“ викаше Мили, додека на неговите колеги не им беше воопшто јасно зошто толку го оспорува талентот на младиот пејач.
И по некое време караница меѓу претставниците на жирито, Поповиќ одлучи Марија да ја пушти, но и Селим да оди во бараж.
Инаку, Марија без конкуренција ја носи титулата за една од најекстравагантните натпреварувачки во ова шоу.
Таа во претходниот круг се појави со ореол на главата, овој пат отиде и еден чекор понатаму со своето ново издание.
Таа на сцената се појави облечена како опатица (игуменка на женски католички манастир).
Покрај црниот необичен костум, Груевска го привлече вниманието и со бисерите што ги носеше.
Но таа во еден момент го соблече костумот и ги изненади сите со она што го носеше под него, како и со металната перика.
Претставниците на жирито беа воодушевени од нејзиниот одличен перформанс, како и самата публика .
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Па, дали ви се допаѓа ова издание на убавата битолчанка?