Македонките во 80-те беа ЛУДИ ПО НЕГО – погледнете како изгледа денес фаталниот заводник од Династија

Многумина сѐ уште добро се сеќаваат на времето кога исчекуваа продолжение од култната серија и ги следеа интригите на богатото семејство Карингтон кое го заведе целиот свет.

И додека машкиот дел од гледачите воздивнуваше по Хедер Локлир, Катарина Оксенберг или Памела Су Мартин, жените имаа свои машки фаворити во една од најпопуларните сапуници на сите времиња. Меѓу нив беше и Џон Џејмс во улогата на Џеф Колби.

Во 80-те ги немше Синовите на анархијата, Сопранови, Чиста хемија ниту Игра на тронови, но затоа не се пропуштаа продолженијата на Династија. Првата епизода почна со прикажување на 12. јануари 1981 годин, а меѓу шареноликата плејада ликови од најславната сапуница на сите времиња се сеќаваме и на Џон Џејмс.

ФОТО: Принтскрин

Џон Џејмс го глумеше Џеф Колби, а на аудицјата всушност е пријавил за улогата на Стивен Карингтон. Продуцентите заклучиле дека за него е подобра улогата на еден од припадниците на непријателското семејство Карингтон. Во серијата тој е во дисфункционален брак со Фалон Карингтон иако нејзината мајка била негов маќеа.

Неговата врска со Фалон траела за време на целата серија. Џеф и Фалон се венчале на почетокот на првата сезона, а се развеле о третата сезона.

ФОТО: Принтскрин

Планирале повторно да се венчаат, но свадбата била одложена затоа што Фалон исчезнала. На крајот повторно се венчале во првата сезона на Колбиеви, па повторно се развеле во 8 сезона на Династија. Иако на кратко биле во врска кон крајот на осмата сезона, се смириле дури во мини серијата во 1991 година. Парот го добил синот Блејк и ќерката Лорен во текот на својот брак во занес.

Магазинот „Пипл“ го опишал Џеф како „саканиот, но и несакан“ сопруг на Фалон. За нив самиот Џејмс изјавил дека „Постои некоја привлечност кај две личности кои знаат дека не се еден за друг.

ФОТО: Принтскрин

Џон Џејмс Андерсон е роден во 1956 година во Минеаполис и син е на популарниот водител Херб Оскар Андерсон, а брат на Херб Андерсон, кој исто како Џон завршил глума.

Завршил на академијата за драмски уметности во Менхетен.

Најолема слава му донела токму улогата во Династија.

ФОТО: Принтскрин

Пред неа имал улога во „Fantasy Island“ (1977) и „The Love Boat“ (1976).

После Династија глумел и во „The Colbys“ (1985). После тоа се повлекол од актерскиот свет, а потоа добил улога во акциониот трилер „Icebreaker“ во 2000 година со Шон Остин и Брус Кембел како и во драмата „Lightning: Fire from the Sky“ во 2001 година.

Одбил да учествува во програмот „Dynasty Reunion Special“ 2006 годин и изјавил:

„Мислам дека е најдобро да ги пуштите луѓето да нѐ паметат какви што бевме, а не какви сме сега“. Во 2018 година глумел во „Christmas Campuu“ во режија на Холмарк и бил продуцент на научно-фантастичниот филм „Axcellerator“.

ФОТО: Принтскрин

Денес, со сопругата која е поранешна Мис Австралија о 1978, Денис Ковард и нивните две деца, ќерката Лаура Џејмс и синот Филип жиеат во Лос Анџелес, каде неодамна се преселиле од Њујорк. Ќерката Лаура победи на America’s Next Top Model 2012 година и тргнала по стапките на својот татко. Се појавила и во филмот „Hello Ladies“.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
(Visited 1.344 times, 1 visits today)