Нова љубов на нашата естрада
И покрај тоа што се шушкаше дека Антониа Гиговска е во врска со пејачот Милан Станковиќ, естрадниот магазин Бекстејџ објави дека младата пејачка наводно е во врска со Иван Јованов, вокалот од Либеро бенд.
Антониа се прослави благодарение на својот прекрасен глас со кој ја освои публиката и жирито во Пинкови ѕвездики.
Антониа во ова шоу прв пат се појави во 2015 кога беше една од најдобрите учеснички во натпреварот. Таа на почетокот беше скромна и малку срамежлива, но со својот беспрекорен глас од емисија во емисија ги воодушевуваше сите, а редовно добиваше и комплименти на сметка на својата убавина.
Антониа неодамна го сними и својот прв сингл „Могли смо у двоје“, а вечерва настапува на Евровизија како еден од придружните вокали на Тамара Тодевска.