Македонецот со својот талент направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ – КАРЛЕУША воодушевена и од изгледот на неговата мајка!

Помеѓу натпреварувачот од Македонија, Александар Јосифовски, и Милош Ковачевиќ се одвиваше вистинска драма во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Откако и двајцата ги воодушевија сите со своите настапи резултатот беше изедначен, па така и двајцата кандидати освоија максимален број гласови. Тие задоволни од резултатот, си честита еден на друг, а вистинско возбудување настана кога требаше да се направи прегласувањето.

Потоа жирито повторно беше поделено и на двајцата им даде по три гласа, па Саша Поповиќ мораше да одлучи кој проаѓа.

Милош, дали знаеш кој ги има направено песните со кои што настапи? го праша Јелена, п што тој одговори потврдно.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Да, знам Драган Стојковиќ Босанац“.

„Тоа се антологиски песни. Босанац, што ти малку не се фалиш како Мили? го праша Карлеуша.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Сакам гледачите да знаат какви хитови имаш направено. Мораме секоја емисија барем еден дел да посветиме на тебе“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Јосифовски тебе втората песна ти беше проблем., но ти честитам како ја изведе и како го одржа вниманието, му порача Ѓорѓе Давид. По краткото образложување на членовите на жирито, Саша Поповиќ реши предност да му даде на натпреварувачот од Македонија.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Седум кругови се бореше како лав“, изјави Поповиќ кој одлучи Јосифовски да оди директно во следниот круг.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Инаку, Александар и во претходниот круг истакна дека им е благодарен на Гранд што пушти и рокенрол на грандиозната сцена.

Тој не крие дека сака да се забавува и со фолк музика, посебно кога е во кафеана со пријателите.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Што се однесува до неговите интересни модни комбинации, тој ги изненади сите кога призна дека често избирал парчиња и од плакарот на мајка му.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Таа е секогаш тука за мене, имаме нешто заедничко. Ми помага многу“, изјави тој во една од претходните емисии.

Фото: Фејсбук/ Елизабета Неданоска Јосифовска

Инаку, шармантниот Охриѓанец е син на македонската фолк-пејачка Елизабета Неданоска-Јосифовска која уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем посакувам“ ја освои македонската публика.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Интересно е тоа што пред да се пријави во музичкиот натпревар, тој и дал ултиматум на неговата мајка.

Имено, Елизабета имала голема желба нејзиниот син да се пријави во најгледаното музичко шоу на Балканот, но Алескандар и ветил дека ќе го стори тоа само ако таа и се врати на музиката и сними нов музички материјал.

Фото: Фејсбук/ Елизабета Неданоска Јосифовска

Елизабета последните неколку години живееше во Австралија, но неодамна заедно со сопругот се врати во Македонија.

Фото: Фејсбук/ Елизабета Неданоска Јосифовска

Тие направија куќа во една скопска населба во која се вселија на празникот Мала Богородица.

Фото: Фејсбук/ Елизабета Неданоска Јосифовска

Елизабета својата музичка кариера ја започна на 14 годишна возраст, во 1986 година.

Фото: Фејсбук/ Елизабета Неданоска Јосифовска

Таа почна да работи и на нови песни, но поради пандемијата, реши плановите да ги одложи за во иднина.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Елизабета со песната „Ем го мразам, ем го посакувам“ пред повеќе од 20 години победи на фестивалот Тримери во Струмица. Но спотот за песната таа го снимаше неодамна, остварувајќи му го ветеното на својот син дека доколку се пријави во Гранд ќе се врати на музиката.

Инаку, по еден од настапите на својот син во Ѕвездите на Гранд, на сцената се појави и Елизабета, кога Александар откри дека и таа е пејачка. Кога застанаа на сцената Јелена Карлеуша забележа дека и неговата мајка изгледа одлично, па во еден момент и таа запеа по желбата на жирито.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Карлеуша и во претходните кругови не криеше дека има симпатии кон Александар и посебно кон неговиот стил, а во една пригода му порача дека е момче кое државата Македонија треба да го заштити со закон.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
(Visited 6.426 times, 1 visits today)