Реклама
Вести

Лоши вести за Македонците кои имаат бугарски пасоши – Ова никој не го очекуваше!

Реклама

Македонците повторно се на врвот на листата на странци кои лани се стекнале со бугарско државјанство.

Според податоците коишто ги објави порталот Сега, 1.992 Македонци лани се стекнале со бугарски пасош, по што следат Украинците (1.639), Турците (1. 290), Србите (556), Албанците (517), Молдавците (476) и Русите (356).

Состојбата е слична со претходните две години, но тогаш бројката на Македонците коишто добиле бугарски пасош била многу поголема.

Маркетинг

Во 2021 и 2020 година, 7.696 и 9.098 Македонци добиле бугарско државјанство, како и 1.547 и 1.926 Украинци, 1.269 и 997 Албанци, 1.145 и 899 Турци, 1.127 и 1.221 Молдавци и 1.053 и 1.228 Срби.

Маркетинг

Ова го посочуваат податоците на Комисијата за бугарско државјанство.

Министерството за надворешни работи на Бугарија предлага нова законска измена со нов став 5 кон членот 22 во Законот за измени и дополнување на Законот за бугарско државјанство со кое ќе се одземаат бугарски пасоши за навреда на Бугарија.

„Натурализација врз основа на која е добиено бугарско државјанство може да биде откажана, ако лицето систематски и намерно го поткопува престижот на Република Бугарија, бугарските институции и националните интереси преку говор на омраза или извршило дејство од омраза против бугарската држава, нејзините граѓани и/или бугарските заедници во странство”.

„Целта на законскиот проект е да се создаде можност за откажување на натурализацијата во случај на намерни антибугарски манифестации од страна на лице кое се стекнало со бугарско државјанство”, се вели во Извештајот што го испратила до Владата вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Марија Габриел.

Сите предложени измени се објавени на сајтот на МНР и на порталот за општествена консултација, можност која ќе трае до први декември.

„Стекнувањето државјанство со натурализација бара и обврски за почитување на бугарските закони, почит кон Бугарија и нејзините национални симболи и институции.

Секоја форма или манифестација на омраза, нетрпеливост и агресија кон бугарската држава, нејзините граѓани и/или бугарските заедници во странство, не само што е недозволива, туку подразбира и отсуство на чувство за припадност кон бугарската држава“, наведува Габриел во Извештајот до Владата.

Покрај ова, за оние кои во иднина ќе добијат бугарско државјанство, се предлага уверенијата да им бидат доделувани на посебна церемонија.

Предвидено е конституирање на Советот за координација за зачувувањето и ширењето на бугарскиот јазик и култура меѓу бугарските заедници во странство и зачувување на бугарското културно и историско наследство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button