Црвен кармин и костим за капење
Мислевте дека со вежбите ќе започнете на време за ова лето и дека со гордост ќе се шетате на плажата во костим за капење, но и овој пат поради обврските тешко ви оди да го донесете телото во форма. Но се уште не е доцна, бидејќи до првите летни денови се уште имате доволно време да се ставите во ред, а доколку и овој пат не успеете во намерата, не очајувајте – секогаш имате можност да изберете костим за капење што ќе ги сокрие сите недостатоци. Како да го направиме тоа на совршен начин ни покажа Лила Филиповска.
Лила која е позната по тоа дека своите недостатоци умешно ги сокрива со вистински избор на облека (никој не е совршен, а Лила знае мајсторски да го камуфлира тоа), но и дека навистина изгледа беспрекорно во последно време, овој пат одлучи да „фура“ едноделен костим за капење.
Во прашање е модел во впечатлив, розова боја кој визуелно ги издолжува нозете, а поради интересниот крој и карнерите целиот акцент е на деколтето и голиот грб. Таа целото издание го заокружи со црвен кармин и ретро очила за сонце и покажа како можеме да изгледаме беспрекорно на плажа.