Лила ужива со ова момче покрај себе – блеска од радост и задоволство, НИКОГАШ не била олку среќна
Нашата позната водителка сподели емотивна фотографија
Водителката Лила Филиповска овој пат ги изненади сите покажувајќи како ужива со својот наследник. Филип.
Лила на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е со него и напиша емотивна порака која никого не остави рамнодушен.
Нејзиниот син ретко се експонира во јавноста, освен кога неговата позната мама ќе сподели некои нивни заеднички моменти.
Тој не сака да биде дел од јавниот живот, додека неговата мајка важи за една од најпознатите дами во нашата земја.
Познатата водителка овој пат реши да направи исклучок и покажа во каков фраер пораснал нејзиниот наследник.
Тие седат заедно и уживаат во еден познат ресторан, а овој момент ги воодушеви нејзините бројни обожаватели.
„Додека има зли луѓе, ќе бидам твојот панцир на градите, напиша убавата водителка под фотографијата.
„Така е Лила. Баш сабајлево мислев колку е голема.. најголема љубовта на мајката за детето. Ни сите галаксии да се соберат нема да ја измерат“, „Браво, прекрасно речено и верувам спроведено во дело“, пишува во коментарите што Лила ги доби од фановите под нејзината фотографија со синот.
Инаку, ова не и е прв пат на гордата мама да покаже како ужива кога времето го минува со својот наследник.
Таа пред извесен период покажа и како тој изгледал како мал, кога исто така ги воодушеви своите бројни обожаватели.
Па, погледнете го Филип и во ова фраерско издание:
Бонус галерија
Топ 5 комбинации на Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска